Знам која сум и во што верувам. Тоа е се’ што треба да знам

Добрите луѓе не се раѓаат, тие такви стануваат. Секоја личност на светот има карти кои ги добива со раѓањето и со нив мора да ја игра комплицираната игра, која се вика живот.

Какви и да имате околности во животот, вие одлучувате дали ќе бидете жртви или оние кои преживуваат. Вие имате контрола над изборот, дали својот живот ќе го направите сладок или кисел.

Оние кои ќе одберат сладок живот, оние кои преживуваат, се најјаки. Најубави и најдобри луѓе кои ги познаваме, се оние кои доживеале пораз, го запознале страдањето или губитокот, се бореле во секој момент и го нашле патот од најтемните длабочини. Овие луѓе знаат да почитуваат, чувствителни се и имаат разбирање за другите. Животот им дал искуство кое ги наполнило со сочувство, љубезност и длабока емпатија.

Прекрасните луѓе не се раѓаат такви, тие стануваат.

Љубезните луѓе носат светло во светот, затоа што излегле од мракот. Во темнината во која се родени, љубезните луѓе со својата позитивност ги осветлуваат животите на другите. Токму нив им се дадени ‘несреќни’ карти како што се лоши семејни ситуации или сиромаштво.

Не само што научиле како да успеат во животот, научиле и како да преминат преку лошите работи и да се издигнат над нив. Ги тргнаа своите ‘штеки’ и го направија невозможното: Со труд, ги стигнаа сите оние, кои имаа повеќе среќа и подобри околности.

Љубезните луѓе се најјаки, бидејќи биле најповеќе повредени. Повредени од бившите партнери или изневерени, за следниот пат подобро да знаат, како да го сакаат својот иден партнер. Тие знаат како е тоа кога нечие срце ќе пукне и како да се залепи и поправи. Тие не сакаат на никој да им го дозволат искуството кое го доживеале. Љубезните луѓе на тежок начин научиле, дека личните недостатоци се прилика за раст и развој.

Љубезните луѓе можно е некогаш да биле песимисти. Со време научиле, дека од песимизам нема раст. Сфатиле, дека секоја работа која како тег ги влечела надолу, всушност е едно скалило на патот кон остварување на сонот. Љубезните луѓе, не сакаат другите луѓе да страдаат како што страдале тие.

Љубезноста и добрината во човекот произлегува од суровоста која ја доживеале. Наместо таа агресија да ја пренесуваат на други, љубезната личност ќе го прекине тој зачаран круг и со комплименти ќе одговори на лошото однесување.

извор: mislipozitivno

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: