Љубовта е подобро да умре, отколку да се мачи да преживува


Многумина имаат многу љубовни прашања и недоумици, но се чини дека најважно и најчесто поставувано прашање, е како да се привлече партнер.

Со тоа прашање се оптеретуваат сите, посебно жените кои доживеале љубовен неуспех или поминале низ неколку лоши врски. Најголемиот проблем е во тоа, што луѓето кои нижат неуспешни врски една по друга одбиваaт да научат било што за нив.

Без оглед дали сте прекинале врска или не, секогаш има нешто да се научи. За почеток, размислете поради што сте привлекле погрешен партнер. За жал, многу луѓе не се привлечени од љубовта, туку од партнери со квалитети кои не се пожелни. На почеток тоа не е очигледно, но со тек на време ќе забележите како вашиот принц се претвора во жаба.

Според законот за привлекување, треба да бидете она што сакате да привлечете во својот живот. Кога би ги прашале жените што да очекуваат од партнерот, ќе ги набројат следниве работи: привлечност, сочувство, доверба, брижност, разбирање, љубезност, дарежливост, лојалност, романтика.

Прво лошата вест. Ако не сте лојални, вредни, полни со разбирање и љубезни, шансата да пронајдете таков партнер ќе биде како да барате грутка снег во пеколот.

Сега добрата вест. Можете да се трансформирате, но пред тоа неколку зборови околу барањето љубов на погрешни места.

Ако љубов барате во некој друг, тоа е погрешно место. Многумина кои се слободни, ќе ви речат како бараaт некој кој ќе ги надополни, некој кој ќе ги направи среќни. Затоа по секоја врска ќе бидат ранети. Значи, се’ почнува во вас.

Ако сакате да привлечете љубов, морате во потполност да се трансформирате. Можете да започнете со поставување на граници и принципи. Морате да научите да го стопирате некое ваше дисфункционалното однесување на кое сте навикнале.

Исто така, морате да изградите свој личен идентитет и да ја зголемите личната моќ. Пречесто жените се жртвуваат и очекуваат дека ќе добијат љубов. Тоа е еднакво да се фрлите под автобус и да очекувате, дека ќе се извлечете како херој неизгребани.

Партнерот секогаш ќе ве третира како што самите себе се третирате и- точка!.

Првото место во потрага за љубов е љубов. Таа е како магнет и ако станете љубов, љубов и ќе привлечете. Значи, вашата трансформација е она со кое почнува и завршува. Секако, вистинскиот партнер нема магично да се појави на вашата врата, што значи дека морате да се движите во друштво. Правете она што сакате. Сакате ли службени случувања, теретана или курсеви? Сакате музика, театар или уметност? Ова се сите интересни работи кои ви овозможуваат да се покажете.

На тој начин ќе го привлечете партнерот со кои ги делите заедничките интереси. Но, не бркајте ја љубовта и не се фокусирајте потполно на неа. Само очекувајте, дека таа со тек на време ќе дојде. Понекогаш љубовта ја блокираме на подсвесно ниво. Со други зборови пуштаме енергија со која сигнализираме како не сме подготвени за љубов.

Можеби во себе сеуште сме повредени или подсвесно сме одлучиле, дека не сме подготвени за љубов додека не најдеме работа, да изгибиме неколку килограми и сл.

Размислете за своите ставови и ќе ги откриете причините.

извор: COVER magazin.com



Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: