Ништо така долго не живее во човекот како неостварена желба

OK, зошто сме всушност несреќни ?

На првa, може да изгледа како комплексно прашање и дека има многу причини поради кои сме несреќни, а всушност сите наши несреќи може да се групираат во само две групи.

– Прва, несреќни сме бидејќи нешто посакуваме, а го немаме ( на пр младост, саканата личност, углед, подобра финансиска состојба). Втора група, несреќни сме бидејќи имаме нешто што не сакаме да го имаме, па имаме аверзија кон тоа ( на пр. болест, старост, лоша навика).

Она што не’ прави несреќни не е само факт (на пр дека сме болни). Несреќни не’ прави тоа што не сакаме да сме болни. Кога болеста би била причина за несреќата, тогаш сите кои се болни, би биле несреќни, а сепак постојат луѓе кои се болни, а не се несреќни.

Значи, причина за несреќа не е болеста сама по себе, туку нашата аверзија кон болеста, желбата да сме здрави, тогаш кога не сме. Таа желба за нешто што немаме создава фрустрација. А таа фрустрација не прави несреќни.

Истото се случува, кога ја губиме саканата личност или било која друга причина за несреќа. Нас не не’ прави самата причина несреќни, туку нашата желба да ја промениме моменталната вистинска ситуација.

Таа неостварена желба создава копнеж, а многу брзо копнежот преминува во фрустрација, а фрустрацијата обично ја нарекуваме несреќа, тага, депресија….

Е сега, како да се ослободите од несреќата, како да бидеме среќни ? Тука му давам збор на Буда, кој го посвети целиот свој живот на оваа тема, Буда ја сфати следнава работа ( медитацијата е техника која ја користел како орудие ), тој ја нарекол – четирите универзални вистини ( универзални бидејќи важат секогаш и секаде ).

Оној што ќе ги спознае ( тие четири вистини ), но не филозофски, туку подлабоко, ја остава целата своја несреќа зад себе и е ослободен од неа. Тагата, стравот, лутината, жалењето и вината, зависта, плановите и копнежот, живеат само во минатото или во иднината, во умот.

Прва вистина – Несреќата е насекаде околу нас. Се раѓаме со плачење, а потоа како старееме, тоа плачење станува се потивко, па некако плачеме повеќе во себе, отколку на глас. Во текот на животот неизбежно мораме да почувствуваме болка, тага, губење на сакана личност, болест, старост и на крајот, умирање. Страдањето во времето кога живеел Буда во Индија се нарекувала Dukha (се чита Дука).

Втора вистина – Причина за страдањето е нашето врзување за минливи работи, а се’ што знаееме е минливо. Нешто ќе трае подолго, нешто пократко, но се’ ќе помине. Ние се врзуваме и тоа не само за луѓе или предмети. Се врзуваме за погледи на светот, за верски определувања. Кога некој зборува нешто, што е во согласност со нашата определба се чувствуваме добро. Ако зборува против нашата определба или против некоја личност која нас ни е мила, се чувствуваме повредено.

А сето тоа поради врзувањето. За работата да биде полоша, не се врзуваме само за работи кои ни се мили. Се врзуваме и за лоши работи, како на пример за нашите непријатели. За нив се врзуваме на тој начин, што размислуваме многу за нив, иако не ги сакаме. Во тоа размислување создаваме омраза. Таа омраза повеќе не’ годи нас, отколку личноста кон која е насочена, тој можеби некаде ужива, додека ние вриеме од омраза.

Тоа наше врзување ни ја одзема контролата. Кога работите се одвиваат како што сакаме, се врзуваме за тој наш успех, се врзуваме и за нашето его, кое расте со секоја пофалба од околината. А кога се’ ќе тргне надолу, тогаш страдаме и повторно сме врзани. А сите знаеме како работите често знаат да тргнат надолу. Ако не го добиеме она што го сакаме, страдаме. Ако го добиеме тоа што го сакаме, страдаме.

Дури и ако го добиеме токму она што го сакаме, повторно страдаме, бидејќи тоа не можиме да го задржиме засекогаш. Причина за тоа е нашиот УМ, тој сака да е надвор од промената, да нема болка, без обврска за животот и смртта. Но, промената е закон и преправањето нема да ја промени таа реалност.

Трета вистина – страдањето е можно да престане. Ако страдањето е камен што го носиме со себе, за да се ослободиме од страдањето, треба да го спуштиме тој камен. Едноставно треба да престанеме да го носиме и повеќе нема да ни прави проблем. Но, најголем проблем е да се идентификува каменот.

Четврта вистина – всушност е патот кој не’ ослободува од страдањето, тагата, несреќата. Тоа што останува после тоа е среќа, мир, благосостојба…. Тој пат е практичен, во него нема мистика. Секој чекор е објаснет и секој чекор не’ носи поблиску до целта.

Првите чекори не’ водат кон разбирање на страдањето ( првата универзална вистина). Потоа, мораме да ја разбереме вистинската причина за страдањето ( втората универзална вистина). Откако ќе сфатиме или сликовито, откако ќе го идентификуваме тешкиот камен што го носиме со себе, тогаш ќе дојде моментот да го спуштиме каменот (третата и четвртата вистина ).

Да се изгледа среќно, да се чувствува среќата, да се биде среќен без причина на овој свет, е да сакаш и да бидеш слободен.

извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: