Можеби ништо не е релно, но не заборавај дека се’ е можно

Зошто би одбрал коса патека, кога рамната патека е пред тебе? Остави животот да се развива и не се обидувај да го изнудиш неговиот развој.

Не можеш да го забрзаш развојот на цветот, бидејќи ако се обидеш во тоа, со својата нетрпеливост ќе ги уништиш убавината и совршенството.

Постои вистинско време за се’. Зошто не го фатиш ритамот на животот, да течеш со него и да гледаш како Моите чуда и убавини се развиваат во вистинско совршенство?

Кога нешто ќе се направи во погрешно време, тогаш многу од работите се забавуваат наместо да се забрзаат, како што може да се претпостави. Затоа, чекај Ме во мир и доверба и никогаш не се обидувај однапред да направиш нешто во погрешно време.

Истовремено, никогаш не влечкај нога зад нога и не губи го драгоценото време. Разбери дека постои величествен модел и план, кој се протнува низ се’ што ќе направиш- и секогаш заблагодарувај се.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: