Човекот никогаш не се сопнува од карпи, туку од мали камчиња

Секогаш ќе се најде некој кој ќе те притисне и ќе го исцеди и последниот атом од твојата сила. Луѓето мислат дека кога си добар си исто толку и глуп, па користат се што можат и колку што можат. Но тоа е далеку од вистината. Добрината без интелигенција не е добрина, тоа е наивност која брзо ќе спласне и ќе се испразни. Но, добрината со интелигенција е најјака и најголема сила.

Не се откажувајте од критериумите што сте си ги поставиле, откажете се од наговарањата на луѓето да ги спуштите тие критериуми. Кога ќе сфатите дека некој ја искористува вашата добрина, насмејте се и дајте му на знаење дека разбирате каква игра игра, покажете му дека не сте оној кој го вртат околу малиот прст, туку дека го барате она најдоброто во секој човек, кое секој човек може да го даде без оглед каков е. Дајте на знаење дека лесно може да се завртите и да си заминете, и дека единствената личност која ќе изгуби е токму таа што ве лажела.

Не се откажувајте од своите идеали. Луѓето кои останале верни на своите желби и соништа се луѓе кои го менувале овој свет, го правеле подобар. Срцето на еден човек може да го промени само личност која го променила своето срце, која се издигнала од светот на само материјалните интереси, и која гледа на животот подлабоко, гледа на животот каков што тој навистина е, во цела негова “полнотија “, само личност која се соочила со завист, љубомора и друга негативност во себе и која сфатила дека тоа е кочница само во нејзиниот развој.

Кога си добар, секогаш ќе се најде некој кој ќе те гази. Но, издигнете се над тоа, покажете дека сте разбрале многу повеќе отколку што сте кажале, дека сте свесни повеќе од она што другите го забележуваат , дека сте послободни во своите одлуки многу повеќе од она што се чини дека сте. Ќе ве ценат многу повеќе, бидејќи таквите личности се реткост, а всушност секој од нас може да биде таков. Не дозволувајте никој да ве гази, но никогаш, во ништо не се обидувајте да ги газите другите. Таа рамнотежа е мудрост на животот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: