Треба да знаеш да ‘пресечеш’ и да го најдеш свој мир

Вистина е дека животот секогаш не оди според планот.

Ќе имаме моменти каде што се’ навидум е совршено и одеднаш  катастрофално ќе се распаднеме.

Живееме со оние, со кои мислиме дека ќе траеме засекогаш и во еден момент, беспомошно гледаме како односот се распаѓа.

Стануваме и повторно паѓаме. Па, со тек на време повторно стануваме. Но, во тие моменти ги немаме одговорите на сите прашања во нашите глави. Не можеме да разбереме што се случува, каде би требало да менуваме нешто, што треба да направиме секој следен момент. Не можеме да знаеме, што е добро и што треба да задржиме.

Само треба да веруваме во – вишата сила, свемирот, себе си. Мораме да знаеме дека она што треба да биде во нашиот живот ќе го најде патот до нас или ќе ни се врати. Дури и дека тоа нема да се случи во нашата временска скала.

Некои односи ќе исчезнат, бидејќи се создава место за вистински луѓе. Љубовта ќе исчезне, бидејќи таа личност не требало да биде со нас засекогаш. И работите ќе пропаднат, за да се создадат нови можности. Плановите потполно ќе се сменат, бидејќи не треба да бидат заглавени на едно место.

Кога тие работи се случуваат, можеби ќе се исплашиме. Можеби ќе се чувствуваме, дека цел свет се распаѓа. Можеме да плачеме, врискаме, да се лутиме, да се сомневаме во нашата вера, да бидеме лути на Бог- но вистината е, дека понекогаш она што сакаме најмногу, најбрзо го нема, само за нешто подобро да дојде.

Не треба да се нервираме. Не мораме да размислуваме. Не мораме да ги минуваме нашите денови во постојана агонија, прашувајќи се дали правиме нешто лошо, дали Бог не’ напуштил, дали сме добри личности, бидејќи желбата не е одобрена.

Ништо од тоа не е вистина. Мораме да знаеме која е нашата вредност, и секогаш да бидеме личности кои ги заслужуваат сите благослови. Мораме да продолжиме да веруваме, дека добрите работи ќе дојдат, да го држиме светлото и позитивната енергија.

Треба да знаеме, дека секогаш нема да ги имаме одговорите, но тоа не значи дека сме сами. Да разбереме, дека животот нема да има смисла и да го следиме нашиот план, но тоа не значи дека нема да го најдеме она што бараме.

Она што ќе дојде- луѓе, прилики, работни места, страст, надеж- ќе не’ најде кога ќе биде вистинско време, кога Бог знае дека сме подготвени да ги прифатиме и користиме благословите.

Не мораме да се бориме против него. Не мораме да брзаме. Не мораме да живееме постојано со стресот или тежината. Едноставно треба да пуштиме, да направиме простор, да имаме доверба.

И да дозволиме она што е наше да не’ пронајде.

Извор: Novi pocetak

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: