Творецот на современиот модел на психологија, автор на повеќе од стотина научни трудови Андреј Курпатов, психотерапевт има интересни совети за нас.
1.Никогаш не ја префрлајте одговорноста за она што се случува во вашиот живот. Разбирам дека постои константно искушение да го обвинувате другиот, тоа е можеби и најлесно, но со тоа се оправдувате себе си. Моќта ќе ја најдете тогаш, кога потполно ќе прифатите дека сте креатор на сите свои неуспеси и креатор на сите свои успеси.
2. Прифатете го фактот дека не можете да го смените минатото- готово е! Можеме да се фокусираме само на иднината, а таа зависи од тоа што работиме сега. Не очекувајте дека вашата иднина ќе се смилува: морате да правите најдобро што можете за таа да ви се насмевне.
3. Отфрлете ја илузијата дека можете да ги смените другите. Потсвесно, сите имаме наивна илузија, дека можеме некој да смениме. Како резултат на тоа страдаме, бидејќи не можеме тоа да го спроведеме во дело. Само околностите можат да ги сменат луѓето- се’ друго е само перцепција на измама.
Дозволете им на другите да бидат различни, да бидат она што се. Во некој момент, можеби ќе почнете да живеете во нив.
4. На луѓето им требаме јаки. На никој не му требате, кога сте слаби, уморни, кога страдате или кога сте несреќни. Ако луѓето се прават дека ве сакаат кога сте слаби, само ве лажат. Не паѓајте на такви лаги. Едноставно согласете се апсолутно со ова правило, воздивнете и обидете се да се расположите.
5. Сите наши постапки имаат последици. Всушност, ние секогаш бираме- не што ќе направиме, туку што ќе излезе како резултат на нашите постпки. Затоа, секогаш размислете за последиците.
6. Бидете она што вас ви е навистина важно. Ако се прашувате што е смислата на животот, најверојатно сте по малку депресивни. Она што е најважно не е смислата на животот, туку чувството да го живеете животот смислено. Работете она што мислите дека ви е од голема важност. Не заборавајте на тоа од време на време. Не го пратете слепо успехот, само затоа што повеќето од нас тоа го работи. Ако едноставно работите она што чувствувате дека е важно, успехот ќе дојде.
7. Не го трошете времето и енергијата на оние на кои не им е грижа за вас или на оние кои не ве сакаат. Во овој свет, постојат многу луѓе на кои им се допаѓате и на кои животот може, со вас да им биде потполна радост. Не бидете затворени и не се сомневајте во се’. Верувајте ми- отвореност и добрина ќе ви помогнат да имате среќен живот.
Извор: bizlife
Leave a Reply