Живеј како сакаш! Луѓето секако ќе зборуваат. Затоа само по твои правила

Прекинување на врска е една од најтешките ситуации, кои ние, како интелегентни човечки суштества можеме да доживееме. Кога ќе ја изгубиме личноста со која планиравме да бидеме засекогаш,  многу тешко можеме да поверуваме, дека е можно некогаш повторно да почувствуваме љубов.

Најважно е, дека поради таквото разочарување нашите чувства никогаш нема да бидат исти,  но тоа не значи дека никогаш нема да знаеме повторно да сакаме. Љубовта ќе се врати тогаш кога сте подготвени да тргнете напред.

Кога ќе ја изгубите личноста која ја сакате, најтешко е да продолжите со животот. Ќе се чувствувате како да го губите тлото под нозете и тешко ќе ви биде да застанете на нозе. Но, ништо нема да постигнете ако седите и постојано се прашувате: ‘Што би било, кога би било’.

Без оглед колку ви е тешко, морате да се исправите,  да ја исчистете  прашината од себе и да тргнете напред со својот живот. Само затоа што односот завршил, тоа не значи потполн неуспех.

Секогаш постојат лекции, кои требаат да се научат од предходните искуства, без оглед колку трауматично тоа може да биде. Ако не научите ништо од тој љубовен неуспех, тоа ќе го повторите и подоцна во животот.

Љубовта ќе се врати, тогаш кога ќе ги промените своите очекувања.  Ова веќе го знаете, но, важно е и дека ни еден однос ,кој ќе го имате во иднина нема да биде, како оној од кој сте отишле. Дури и ако ви се случи да се смирите со истата личност, работите ќе се променат и односот ќе биде поинаков.

Тоа не е нужно лоша работа. Размислете и за тоа што сте очекувале од минатиот однос а што вашиот партнер. Можеби вашите меѓусебни очекувања довеле до прекин на врската. Можеби еден од вас очекува премногу а другиот премалку се труди. Можеби сте очекувале дека се’ ќе биде како што треба. За жал, очекувањата се наш најголем проблем.

Сепак , учете од своите минати искуства во љубовта. Можеби вашиот бивши партнер не ви дал љубов која сте ја очекувале. Можеби тоа ќе се случи со некоја друга личност. Можеби никогаш нема да ги искусите истите чувства од последниот однос.

Можеби во иднина ќе сакате целосно и безусловно. Само не очекувајте ништо, бидејќи ќе го потрошите своето време на непотребно споредување и на тој начин сигурно нема повеќе да почувствувате љубов.

Љубовта ќе се врати кога повторно ќе ја вратите својата страст за живот. Прекрасно е да се биде заљубен, но тоа е само едно од милион искуства, кое можете да го имате во животот.

Ако ви е ‘свежо’ скршено срцето, најверојатно ви е тешко да ги видите сите убави работи кои ве чекаат, но, почнете да верувате : тие се пред вас.

Наместо да го потрошите своето време на минатото, создавајте нови спомени. Направете нешто, што од секогаш сте сакале да направите. Патувајте. Испробајте нов рецепт. Одете во музеј. Што и да ви падне на памет, не седете само дома размислувајќи за небитни работи, не се измачувајте.

Како што рековме, никогаш нема да запознаете некој кој е идентичен на вашата бивша љубов и тоа е во ред. Нема ни да биде добро, ако е поинаку.

Но, кога ќе ја вратите својата страст за другите делови од животот, ќе запознаете и други луѓе со кои делите исти интереси. Работете работи кои ги сакате и ќе сретнете луѓе кои можат да ви станат пријатели и најверојатно ќе сретнете некој кој во потполност ќе го промени вашиот живот.

Љубовта ќе се врати кога ќе сфатиме дека повеќе не ни е потребна за преживување.

Кога сте биле со некој во врска подолго време, лесно заборавате каков живот сте имале предходно. Една од најтешките работи по раскинот со партнерот, е враќање на својот идентитет како поединец. Ако сакате да тргнете напред, тоа мора да го направите. Не само да ја вратите својата страст за живот после прекинот, туку треба да се фокусирате на едноставен живот. Многу луѓе, по раскинувањето, се обидуваат да добијат љубов од секој кој може да даде, бидејќи се плашат дека ќе останат сами.

Не правете го тоа. Не само, дека не е фер кон другата личност, тоа не е фер ни кон себе. Верувајте дека можете да живеете како поединец. Ако мора да се докажувате на некој начин, направете го тоа малку поинаку. Вратете ја својата индивидуалност пред да влезете во нова врска.

Ако барате љубов, почнете од себе.

извор: atma.hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: