Се’ што ви носи горчина, оставете го, далеку зад себе

Болката некои луѓе ги претвора во ангели, а некои во ѕверки. Некој се преобразува преку развирање и раст, а некој ќе го окова своето срце со мраз и дозволува горчината да завладее со него…Всушност, длабоко е несреќен.

Иста, потполно иста животна ситуација, може спротивно да делува на различни луѓе. И делува. А, од што тоа зависи?

Секогаш од нас. Секој има свои предизвици во животот и наш е изборот, дали на нив ќе гледаме како на прилика за раст и развој или ќе ги проколнуваме. На кој ќе му биде полесно во сето тоа?

Сведочиме и самите како годините што поминуваат не’ обликуваат. Стануваме како виното, или совршен пијалок или киселина. Или нешто чудно измеѓу.

Некои луѓе ги поминуваат животните препреки и растат и напредуваат, нивната енергија е опиплива, а ставот е чудесно неверојатен! А некои ги фрустрира и најмала ситница, собираат увреди, болка и горчина на едно место, која на крајот ги прекрива и ги гризе.

Има луѓе, кај кои веднаш се познава дека биле задоволни низ животот и среќата секогаш ја пронаоѓаат во себе и во се’. А има и од оние другите, од кои зрачи бес и цел свет им е виновен за нивното незадоволство. И потребна им е промена за да бидат среќни. А тоа не оди така лесно. Не можеме да влијаеме на никој, туку само на себе.

Ние ја имаме слободата да го смениме она, со кое не сме задоволни, бидејќи прво ги менуваме нашите мисли и емоции во врска со тоа, нашиот поглед на ситуацијата, а дури потоа се отвора и нова врата, нови избори. Затоа не очекувајте премногу.

Бидејќи, годините секако ќе поминат. Времето ќе го направи своето. А јас ви посакувам, во староста да наздравите со чаша врвно вино, исполнети, насмеани и среќни! Неизмерно задоволни од себе. И се’ што ви носи горчина, да го оставите, далеку зад себе.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: