Не враќајте со злоба, ќе ви се врати како бумеранг

Мало потсетување за убав и успешен ден, ако сте пропуштиле некои ситници за својот живот.

Кога стануваш позрела, носиш повеќе искуства од животот и чувствуваш дека не сакаш да бидеш нечии терет. Се’ по често не можеш со сигурност да кажеш: ‘Јас тоа го можам’ на оние кои ќе ти понудат помош. Се’ повеќе се чувствуваш осамено и изолирано, но во исто време се чувствуваш горда, јака и независна.

2. Освестуваш дека имаш некои проблеми сама со себе. Точно знаеш дека имаш проблем кој мораш сама да го надвладееш; било да се тоа нелагодности предизвикани од стрес, промена на расположение, недоверба или било што друго што и смета на твојата благосостојба. Ти сега лесно признаваш дека се тука, дека треба да ги решиш проблемите и дека тоа се природни делови од животот, кои сама ќе ги совладаш.

3. Имаш силна желба да пресечеш некои непотребни односи.

Како времето поминува, ќе почувствуваш дека имаш во животот познаници, но многу малку пријатели. Помалку почнуваш да се сомневаш во своите односи со другите луѓе; почнуваш да сфаќаш кој е вистинскиот, а кој не, кој сака да остане и обратно. Ќе почувствуваш разочарување, вина и тага кон некои поединци кои треба да ги отпуштиш од животот, но сепак си доволно храбра, да ги прекинеш односите кои се нездрави и кои емоционално го злоставуваат твоето битие. Се потешко е да им се верува на луѓето. Не само затоа што ги селектираш пријателите во својот живот, туку што не паѓаш на туѓи глупости.

Премногу пати си била разочарана, изиграна од туѓи ветувања кои никогаш не биле исполнети и сфати како светот функционира. Но, откога некои луѓе ќе стекнат потполна доверба, ти ќе бидеш и лојална пријателка и ќе направиш се’ да ги одржиш и задржиш односите.

5.Често помислуваш како животот ти станал досаден.

Тешко е да се чувствуваш потполно задоволна со својот живот, секогаш постои нешто повеќе што би сакала да постигнеш. Но магијата е во тоа, дека ти можеш да постигнеш се’ што сакаш, бидејќи од сега кога некои работи се променила, твојот живот ти изгледа ‘досаден’ само затоа што се’ помалку имаш непотребни драми во својот живот- што е повторно нешто на што треба да си горда.

6. Познато ти е чувството на тага.

Твојот живот и не е секогаш ‘шеќер’; има денови кога се чувствуваш полна со надеж, но постојат и случаи кога се чувствуваш како да си на најниската точка на својот живот. Но, ти исто така, сега полесно ја прифаќаш својата болка и скршеното срце, пропусти и разочарувања. Знаеш дека секогаш не е лизгав теренот, но успеваш на секоја животна ситуација да гледаш од позитивна страна, бидејќи сфаќаш дека од се’ можеш да извлечеш поуки кои се вредни за понатаму.

7.Постојано немаш време.

Понекогаш имаш чувство како 24 часа во денот, не ти се доволни. Малку спиеш и секој ден се наоѓаш во некои стресни ситуации. Тука се јавува борба ,помеѓу времето за себе и времето за твоите најмили. Секогаш ќе биде нешто што мораш да направиш, а понекогаш си престрога кон себе. Тоа е знак дека во себе поседуваш силна одлучност да бидеш успешна.

8. Жалиш за грешките кои ги имаш направено во минатото.

Не ти е тешко да си ги признаеш грешките кои ги направи во минатото. Потврдуваш, дека донесе и некои лоши одлуки а понекогаш се’ би дала да се вратиш и да почнеш се’ отпочеток. Но, исто така разбираш дека жалењето за минатото нема никаде да те доведе и затоа одлучуваш, дека единствена работа која можеш да ја направиш е да не ги повториш истите грешки.

9. Ти недостасува детството, семејството и саканиот.

Растењето е тешко и често во мислиш како би било убаво да се вратиш во периодот кога си била девојче без обврски. Сега кога живееш сама, одвоена од родителите на никој не им е сеедно. Но, длабоко во себе знаеш, дека така треба да биде, а секоја ситуација која ќе успееш да ја решиш сама и да извлечеш од се’ најдобро, ќе биде најдобар подарок за сите луѓе кои ги сакаш.

10. Се чувствуваш изгубено, збунето и загрижено за иднината

Се обидуваш да бидеш храбра и јака, но поголемиот дел од времето се чувствуваш несигурно во својот сопствен живот. Постојано се преиспитуваш во своите потреби и која е твојата животна цел. Не знаеш точно како треба да биде животот, едноставно затоа што се случуваат многу неочекувани работи. Но, покрај сите заблуди и стравови, сепак на крајот од денот се смееш и си благодарна што успеа да ги завршиш повеќето свои обврски и што успеа макар на неколку минути да бидеш она што сакаш.

Извор: zdravaisretna

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: