Додека не ги гушнеш луѓето тешко е да сфатиш што чувствуваш кон блиските, пријателите, семејството?
Секогаш првото гушкање е показател на вашиот реципроцитет. Додека тоа не се случи не постои објаснување за процесите кои се случуваат, прашањата и одговорите за искреноста во односот- сето тоа се дознава само преку гушкањето.
Штом две тела се приближат и притиснат, тогаш двете полиња на енергија се мешаат од едно во друго и меѓу нив се појавува нешто чудно, непредвидлив простор, налик на нов свет- невидлив, кој го чувствуваат само две души, прифаќајќи го ризикот да се преплетат во една нервна топка.
И тогаш станува јасно. Силата на гушкањето е нежност, допир, момент, кога може да се гушне со уште поголем жар или да се има страв, од можноста да се биде во нова улога со блиската личност.
Така луѓето стануваат исполнети и опуштени. ‘Свој’ човек исполнува. Туѓинецот не влијае на вашата душа и со текот на времето исчезнува конечно. Гушкањето открива се’ во вистинско светло. И ги одразува сенките. Во нив е- мир, мачење, жед, радост, тага, забрзан пулс, слабост и сила.
Во гушкањата се- години, долги денови и секунди. Во нив постои тоа, без кое не можеме, а на сите ни е потребно. Во гушкањето не постои смрт, постои само живот. Ние шириме раце, често мисловно. Да ги гушнеме оние кои ни се драги, исклучувајќи ја неможноста и растојанието. Затоа што ни требаат раце, тела, насмевка, мислење, очекувања. Бидејќи во нив е нашиот оган, низ нив живееме.
Луѓето шират раце и тогаш во тој момент, кога ќе се испреплетат рацете, а телата ќе се приближат, можеме со сигурност да кажеме дека тие се имаат едни со други.
И тој момент е- Магија
извор: https://independentwomen
Leave a Reply