Затвори ги очите и дозволи срцето да ти биде око

Антропологот Ruth Benedict, во своите впечатоци за Јапонците, ја опиша, неверојатната леснотија на нивнотот делување и самодисциплина, која и нас може да ни помогне да ги совладаме тешките животни моменти, поради кои поголемиот број на луѓе на Запад, влегуваат во стресни состојби и депресија

1. Детето кога ќе се роди е среќно, но тоа уште не го ‘вкусило животот’. Дури преку духовниот развој и сопствените искуства, мажите и жените добиваат можност да живеат ‘со полни гради’. Ова е единствен начин да го засакате животот.

2. Јапонската вештина на самоконтрола има јасно образложение: Ја подобрува контролата на човекот над сопствениот живот( односно контрола на реакцијата на животните ситуации). Секој во одреден домен од животот, ќе се снајде во зависност од ситуацијата. За се’ она што животот ти подготви, потребно е да се помине некоја обука. Ако одлучите да се откажете и не ‘тренирате’, нема да имате добри резултати и ќе чувствувате несреќно. ‘Исчистете се, од се’ лошо’. Човекот се претвора во она што ќе посака да стане.

3. Според источната филозофија, вежбајќи ‘mugu’ ( muu-gah, состојба на свесност на сегашниот момент, потполна концентрација, транс) и практикувајќи ‘живеј како да си мртов’ филозофија, Јапонците елиминираат совест. Она што тие го нарекуваат ‘набљудувачко јас’ или ‘гледање во себе’, служи како сензор кој ги просудува човечките постапки.

Разликата меѓу источната и западната филозофија е што ‘бескрупулозните’ западњаци сметаат дека со недостаток на совест, луѓето потполно ќе го изгубат чувството за грев, кој би требало да биде пратен со недолично однесување. Од друга страна, кога истиот израз се користи за Јапонците, се мисли на личноста која престанува да биде напната и ограничена.

Јапонците ја набљудуваат личноста како единка, која може да ги поднесе и најтешки задачи и да се носи со сите животни проблеми и потешкотии.

Главниот мотиватор за ‘добри постапки’ кај западњаците е вина. Според јапонската филозофија, личноста во својата суштина е со меко срце и љубезна, со тоа делува директно токму таква каква е, делувајќи со леснина.

4. Во јапонската филозофија се одобрува ставот, кон личноста која живее како веќе да е ‘умрена’. Кога ова ќе се преведе, би значело’ жив леш’, а на сите западни јазици овој израз има негативна конотација. Меѓутоа, кога Јапонците ќе речат’ Живеј како веќе да си мртов’ тие мислат на тоа, дека човек живее ослободен од стрес, посветен на своите должности и вештини, без врзаност. Овој пристап ги ослободува Јапонците од беспотребен стрес во животот, ставајќи го животот во една поширока перспектива.

Извор: stil.kurir

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: