Кога не знаеш по кој пат да тргнеш..

Енергијата на душата е љубов. Колку повеќе љубов има во нас, стануваме поенергични и посреќни. Сетете се само на еланот и леснотијата која сте ја почувствивале, кога сте биле заљубени.

Веројатно сте забележале, кога сте блиску до човек кој има многу љубов во срцето, од него излегува моќна позитивна енергија, дури ако е уморен или болен. Таквите луѓе секогаш зрачат со радост и внатрешен мир.

За да сфатиме како се станува проводник на енергија на љубовта, да објасним,е како низ нас всушност се движи енергијата.

На грубо, физичко ниво, енергијата ја добиваме од храната во хемиски облик: масти, протеини и јагленохидрати. На суптилно ниво, енергијата ја добиваме од Универзумот, од околината, од луѓето со кои комуницираме и делумно од храната, бидејќи во неа има и суптилна енергија.

Всушност, суптилната енергија се наоѓа насекаде, таа допира се’. Енергијата ја апсорбираме до она ниво, кое одговара на нашите вибрации. Нашите емоции поседуваат одредена енергетска фрекфенција. На пример, кога сме нервозни, низ нас се движи токму таква енергија! Ние ја ‘фаќаме’ како радиоприемник и токму како радио ја емитираме во околниот простор.

При тоа не е важно дали ги потиснуваме своите емоции или ги покажуваме- енергетската вибрација сепак постои. Бидејќи ја емитираме оваа вибрација, значи дека ќе привлечеме соодветна ситуација.

Нивото на своите енергетски вибрации можеме да ги подесиме менувајќи го своето емотивно расположение. Што повеќе во нас има љубов, тоа нашите вибрации се чисти и полесни.

Енергијата не може да се создаде или да се уништи, но може да ја менува својата форма и природа. Всушност, енергијата не може да се земе од ништо и да исчезне во ништо, тоа е- законот на физиката.

Наместо тоа, таа се трансформира. На пример, земајќи храна, се полниме со енергија во хемиски облик. Во нас таа се раствора и се претвора во енергија на движење и топлина.

И мислите и емоциите носат во себе енергија. Негативната енергија која е во нас, можеме да ја сублимираме во друг облик- на пример во љубов!

Љубов- е облик на енергија! Љубовта може да се почувствува, прифаќајки ја ситуацијата одвнатре. Нашите негативни мисли и емоции не се засновани на реалноста туку на нејзиното неприфаќање- ние сакаме реалноста да биде поинаква, пријатна за нас. Тоа значи, нашите мисли се засниваат на илузија на нашиот сопствен ум, на лажни идеи дека се’ мора да се случи поинаку.

Со самото отфрлање на оваа илузија, можеме да ја прифатиме реалноста таква каква е. Всушност, сакале или не, објективната реалност е дадена од Бог и ние не ја создаваме со својата желба во сегашниот момент.

Внатрешниот мир, уметноста на живеењето во хармонија со стварноста, без отпор на истата, се добива чувство на среќа и спокојство.

Можете да работите се’ што треба да ја смените ситуацијата на подобро, ако е тоа можно. Но, најважно е да работите чувајќи го вашето внатрешно прифаќање на она што се случува.

За да го одржите постојаниот проток на енергија, потребно е да давате и примате. Можеме да акумулираме во себе залиха на енергија, но ако престанеме да трошиме, овие резерви ќе почнат да не’ исцрпуваат. На пример, нашето тело собира енергија во облик на масти. Кога престануваме да земаме храна, овие резерви се трошат- енергијата се троши на движење, телесната температура и други процеси. Ако само ја примаме и ја собираме енергијата, недозволувајќи и’ да излезе- тој нејзин тек ќе пресуши, таа ќе се измени лошо по нас. Или едноставно ќе ‘ експлодираме’ поради нејзиниот вишок!

На пример, кога човекот акумулира во себе нервоза која не може да ја исфрли, во некој момент може емотивно да ‘експлодира’. Тој што ќе се најде покрај него, тешко тоа ќе го доживее!

 Ако низ нас тече поинтензивен проток на енергија на љубов, тоа значи,  дека постојано таа енергија да ја примаме и даваме. А што повеќе даваме енергија во Универзумот, повеќе ја добиваме назад.

Мораме да научиме хармонично да примаме и даваме, за да ја намалиме негативноста. Ако во универзумот пуштаме негативна енергија, повратно добиваме исто таква, затоа што сме станале проводници на одредени вибрации на негативното ниво.

Што си оди, тоа и доаѓа.

Негативната енергија е разорна и затоа е подобро да се биде проводник на позитивната енергија.

Најчест облик на позитивна енергија- е љубов.

Што е потребно, за да се стане проводник на енергија на Божјата љубов? Неопходно е да се трансформира негативната емоција во љубов, да се научи прифаќањето и мирот пред божјата волја.

Да се научи да се разликува стварноста од своите мисли и нивно прифаќање и фокусот да биде во желбата тоа да се смени. Во сите случувањата во животот да се гледа Вишата љубов. Да се сфати дека постои Виша волја, Виша смисла и Виша правда, која може да ни биде неразбирлива, нас, кои се’ мериме со човечки мерила. Се’ на овој свет.

Се’ се случува, само за да ја развиеме способноста да сакаме и сите искушенија ни се праќаат поради тоа. Источната филозофија тврди дека нашето срце може да ја трансформира енергијата на различни емоции во енергија на љубов.

Откажете се од егоизмот и алчноста. Вистинската љубов е несебична. Ако сакате да бидете проводник на љубов – развијте го во себе тој квалитет. Љубовта треба да се дава несебично, не очекувајќи ништо за возврат. Во спротивно можат да се појават мисли од типот:’ Јас им правам на сите се’, а мене никој ништо’.

Тоа е претензија, а претензиите автоматски го блокираат текот на љубовта и го затвораат срцето. Ако не очекувате ништо за возврат, нема да имате никакви претензии, обвинувања, навреда и бес кон оние на кои им ја давате својата љубов.

Давајте повеќе љубов отколку што примате. Тогаш ви се враќа повеќе енергија на љубов. Што повеќе даваме, од повеќе места се ослободуваат нови енергии на љубов, што доаѓаат кај вас и на тој начин нашето енергетско ниво се зголемува.

Научете да прифаќате она што ви дава универзумот. Сетете се дека е неопходно да го одржите низ себе тој проток на енергија на љубовта.

И покрај се’ бидете благодарни. Благодарноста го отвора срцето и го полни со љубов. Сочувствувајте, но не се сожалувајте. Сочувството го полни срцето со љубов и се разликува од сожалувањето. Сожалувањето се покажува на телесно ниво, а сочувството на духовно. Сожалувањето произлегува од егото и носи разорна енергија. Сожалувањето го собира срцето, а сочувството го отвора.

Бидете овде и сега. Живејте во сегашниот момент- бидејќи љубовта може да се почувствува само живеејќи во сегашноста.

Живејте со срце а не со ум, но слушајте го разумот. Љубовта може да се почувствува со срцето, умот не е способен да разбере. Не мешајте разни позитивни емоции, наклоност, врзување и желби со љубовта.

Сакајте се себе си. Прифатете се себе си потполно, со сите свои доблести и мани но не користете ги како изговор да не работите на себе. Кон себе однесувајте се како родител, кој сака и кој знае што е најдобро за неговото сакано дете, а не само да ги исполнува сите негови хирови.

избор: Алт


Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: