Бог е љубов, тој никогаш не осудува, ниту не’ напушта, туку ние се критикуваме и се напуштаме самите себе

‘Не постои проблем кој нема подарок за тебе. Ти бараш проблеми, бидејќи ти се потребни нивните подароци’. – Ричард Бах

Оваа реченица ја прочитав во моментите кога го освестив фактот, дека барам искуства кои ми овозможуваат да доживеам и премостам некои за мене важни и актуелни теми.

Сите ние, го правиме ова често несвеснo, трагаме по непријатни искуства за да можеме од нив да создадеме бисер. Кога и да мислиме дека нешто е толку тешко за нас, што едноставно не можеме да се справиме, на дофат сме кон голем скок за осознавање и разбирање.

Ние ги креираме своите искуства, создавајќи си така прилики за раст и развој, а тоа се ситуациите кои најчесто ги доживуваме како проблеми. Ми изгледа, дека е многу важно секогаш наново да го освестуваме фактот, дека ние самите сме креатори на своите искуства, дали тоа го правиме свесно или несвесно и дека ништо никој не ни испраќа ( Бог, Универзум, Животот- што и да е ), секогаш тоа го правиме самите ние, за да искусиме, да доживееме и да почувствуваме најразлични работи.

Се разбира дека овие ситуации не ги креираме со својот ум, туку нив ги креира нашата Душа. Многу наши различни искуства се наменети за самоосознавање, односно ни помагаат искуствено да стигнеме до одговор на прашањето кој сум јас. Ние свесно можеби знаеме и прифаќаме дека сме дел од Бог, дека сме неговото сакано дете и дека е тој во нас, како и во се’ околу нас.

Сепак ми изгледа, дека ние сакаме тоа да го доживееме и искусиме (барем некои од нас), за да се увериме во тоа- ‘убаво звучи, но сакам да се уверам самата’. Како што сме сите различни, така се различни и искуствата кои не’ водат кон тоа осознавање.

Како краен исход, во состојба сме искрено да ја почувстуваме и препознаеме Љубовта во се’, дури и во најболните мигови и во најстрашните човечки однесувања. Тогаш повеќе не мериме со човечка логика, бидејќи сме преминале на некое друго ниво на осознавање.

Нашата Душа низ искушенија напредува кон самоспознавањето и совршенството. Тие ни помагаат да ги совладаме човечките и да ги развиеме духовните реакции. Овие искушенија се јавуваат во различни облици, како предизвици, разочарувања, предавство, загуба, повреда, болест…

Кога се во животот се одвива во склад со нашите желби и потреби, лесно ни е да поверуваме дека сме бесмртна Душа, дел од Божественото. Меѓутоа, кога животот од нас бара премногу , потешко ни е да останеме во допир со своето внатрешно битие.

Сепак, запомнете, искушенијата не доаѓаат за да не измачуваат, туку за да примиме од нив некаков подарок, да го пратиме и поттикнуваме нашиот духовен напредок. Во моментот кога ќе се соочиме со некоја кризна ситуација, може да ни изгледа дека сме казнети за нешто, но тоа воопшто не е така. Некое тешко животно искуство или епизода ни изгледаат како показатели, дека сме на погрешен пат и дека просто си го добивме тоа што го заслуживме ( во смисол на казна). Оваа идеја подразбира дека постои виша сила која не’ казнува штом направиме нешто погрешно.

Бог е љубов, тој никогаш не осудува, ниту не’ напушта, туку ние се критикуваме и се напуштаме самите себе. Тешкотиите не се казна, туку некој вид на испит пред преминување во следното ниво на осознавање на нашата божествена природа. Ние не сме ни светци, ни грешници, туку Божји деца, создадени од љубов, а нашето животно патување го осмисли нашата Душа, за да ни помогне да го учиме тоа што го одбравме.

На нашето патување, се разбира дека имаме безрезервна поддршка. Знајте дека никогаш не сме сами.

извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: