Чудата се случуваат. Секогаш. Чудата се случуваат, бидејќи вие верувате во нив

Опуштете се, вдишете и пуштете: Што е судено ќе се случи.

Живот. Тргнува по зло. Ќе не’ разори како крволочно куче. Не’ носи со својот хаос, болка, солзи…Сепак, преубав е, преубав е дарот од Бог. Кога се чини дека се’ се распаѓа и не можете да го гледате виножитото по дождот, имајте на ум дека можете тоа да го поднесете, дека вие сте силата која ја барате.

Сите сме на ист брод. Бродот е направен од страв, солзи, скршени ветувања и болка…болка која ја одзема сета светлина и радост од нас. Болка која не’ прави слепи. Болката е дел од животот. Некои луѓе не и’ дозволуваат на болката да ги уништи. Тие се победници.

Секое страдање е прилика за раст. Потешкотиите не се препреки, туку прилики. Предизвиците се нови шанси, за подобар, исполнет живот. Секој пат кога ќе се соочите со потешкотиите, ќе научите нешто ново.

Болката ќе ве направи посилни. Паѓате. Секогаш и секогаш. И ќе најдете сила да станете повторно. Тоа лежи во вас. Длабоко во вас. Во вашата надеж. Во вашата верба за подобро утре. Животот ќе ве удри јако. Но, запомнете, можете да продолжите понатаму. Болката ќе ве направи појаки.

Продолжете да одите низ олујата. Ветровито е. Паѓа дожд. Мрачната моќ на олујата ве ослабува. Ве прави тажни и разочарани, без ни малку надеж. Знам.

Но, запомнете, продолжете низ олуја. Бидејќи на крајот, ќе ја видете светлоста на денот.

Чудата се случуваат. Секогаш. Чудата се случуваат, бидејќи вие верувате во нив. Бидејќи вие сте чудо. Верувајте во себе, борете се за своите соништа, изгубете се во убавината на животот, нека вашиот дух лута во непознато. Пронајдете ја својата душа во тоа.

Што е судено да биде, ќе го пронајде својот пат до вас. Можете да ги форсирате работите, но тоа не е начин на кој се случуваат. Работите се случуваат сами од себе. Трпението е клуч да ја преживеете секоја олуја, запомнете.

Опуштете се, вдишете, пуштете..Ако е судено да биде, ќе биде.

Leave a Reply

Up ↑

%d