Кога ќе одлучиш, дека не ти е гајле за оние кои не го заслужуваат твоето време, почнуваш вистински да живееш

Секогаш бев многу самоуверена жена. Секогаш гласна, многу сигурна кога мислев дека сум во право. Не се плашев да прашам за нешто што сметав, дека треба да знам и не се извинував oднапред, поради нешто што сакав да кажам. Сето тоа, за поголем дел од мојот живот, беше мојата сила, но и најголема несигурност.

Кај другите бев почитивана или пак зборуваа, како сум вечно лута или дека сум кучка. Луѓето или ме сакаа поради тоа што кажувам се’ што мислам или не се сложува со мене- всушност не ме сакаа.

Самата си зборував безброј пати дека и покрај сите критики, всушност сум многу мила. Одсекогаш бев неверојатно самоуверена, во главно без страв. А тоа ме правеше неподнослива за другите.

Поради тоа бев предмет на оговарања и шепотења. Понекогаш тоа ми беше проблем. Ме правеше тежина, бидејќи се обидував да го потиснам тој аспект на мојата личност.

Ќе замолчев кога со некој не се сложував, ги избегнував забавите, на кои луѓето ме осудуваа со погрдни имиња, бидејќи немав доволно гориво за да го потпалам нивниот оган. Тогаш неуморно и бескрајно им плачев на своите родители, кои ме сакаа и ги разбираа моите фрустрации, кога некој ме замолчуваше и кога бев неразбрана.

Тоа ме умори и стана многу непријатно моето секојдневие. И еден ден застанав и си реков: ‘Сега е доста!’.

Престанав да се намалувам, за другите да се чувствуваат подобро. Престанав да се извинувам кога кажував што мислам, само поради тоа што другите не сакаат да ја слушаат вистината.

Престанав да молам за дозвола и правев тоа што сакав. Почнав да станувам личност на која баш и’ е гајле. Гајле ми е за толку, толку, толку многу работи во мојот секојдневен живот, што одлучив она што луѓето го мислат за мене или имаат да ми кажат, ако тоа не се моите најблиски- не треба да бидат дел од мојот живот.

Се грижам за моето здравје. Да станам горда на себе и своите достигнувања. Се грижам за моите работи. Но, туѓите мислења, посебно тие, на кои не им се допаѓа тоа што сум гласна, не се грижам.

Кога не сум во право, си признавам. Но, да се биде самоуверена жена значи, да не се оптеретуваш дека на луѓето треба да им се допаднеш и да не се плашиш да го кажеш свое мислење.

Секако дека сакам луѓето да ме сакаат, но и ако не ме сакаат, мирно ќе спијам. Обидите да ги импресионирам другите, не ми е на пописот на приоритети.

Долго време се грижев. Плачев со денови, кога не бев битна. Плачев на зборовите, со кои луѓето се шегуваа и расправаа околу моите избори, за се’ што работев, со кој излегував и како ги плаќав сметките.

Во многу ситуации грозно се чувствував, бидејќи си го ‘каснував’ јазикот, а сакав гласно да им речам она што мислам.

Од таквото чувство ќе се ослободиш кога ти е гајле. Кога ќе одлучиш дека не ти е грижа, се ослободуваш од притисокот. Им ги одземаш овластувањата на другите, дека можат да приговараат за било што во твојот живот. Повеќе не те допира тоа, што тие ќе мислат за твоето однесување, постапки, изглед.

Ја земаш контролата во своите раце. Ја враќаш својата самодоверба, стануваш храбра и повторно си горе. Кога ќе одлучиш дека ти е гајле за оние кои не го заслужуваат твоето време, почнуваш вистински да ги цениш оние кои ти се важни-  и одлично се чувствуваш.

Бидејќи одлучи, ТИ си господарка на својот живот

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: