Доаѓа време кога повеќе не можеш да бидеш така наивна

Доаѓа време кога повеќе не можеш да бидеш така наивна. Дури им завидуваш на оние кои можат…Престануваш да мислиш, дека еднаш ќе ги завршиш сите работи и дека ќе се одмориш.

Но, веќе добро знаеш дека напнатоста не е однадвор, туку одвнатре. Престануваш да доживуваш пасивна агресија, како воздржаност или животна мудрост. ‘Тепаш’ таму каде што треба да ‘тепаш’. И сфаќаш дека поводи, нема толку многу.

Не прифаќаш повеќе отсуство како присуство. Почнуваш да веруваш во својата интуиција. Ги препознаваш волците во јагнешка кожа. Дури и кога се во многу скапа кожа. Дури и кога многумина не ги препознаваат. Дури и ако сите зборови се ‘на место’.

Гледаш во насмевката и сфаќаш, за што се работи. Од една насмевка те фаќа мачнина и губиш воздух, а друга пак, срцето ти го отвора..

Престануваш да го прифаќаш дивеењето како љубов, а скриената заводливост како вистинско интересирање. Гледаш низ, преку, длабоко. Престануваш да се воодушевуваш. Гледаш убаво, се сеќаваш на ужасното и го соединуваш сето тоа во човечко.

Не одиш таму каде што има проблеми, туку таму каде е појасно и подлабоко. Дозволуваш да им се налутиш на луѓето, но престануваш да им се одмаздуваш, знаејќи дека Универзумот многу подобро ќе се снајде од тебе.

Зборуваш од срце и стануваш веднаш чујна. Но, ако срцето молчи, тогаш молчиш. Помалку се сомневаш во својата вистина, останувајќи видлива.

Одговараш за своето мислење и губиш интерес да го докажуваш. Престануваш да бараш надворешен ориентир и апсолутна вистина. Почнуваш да го споредуваш внатрешното и надворешното, одредувајќи ја точката на пресекот.

Престануваш да ги потценуваш тие, кои не ти се допаѓаат. Бараш начини да ги воздигнеш. И што е најважно, престануваш да се потценуваш и да се срамиш од себе. Можеш да издржиш. Да прашаш повторно, да објасниш уште еднаш, да ја признаеш својата неисправност.

Престануваш да страдаш и да се убиваш себе си, поради тоа што падна, туку просто ќе станеш, ќе се истресеш и одиш понатаму. Знаеш дека било кое доживување може да се преживее со тек на време, верувајќи во својата природа.

Почнуваш да сфаќаш дека успехот, творештвото, родителство- е пат на грешки, кои можат да се направат за една или друга плата, да извлечеш искуство и да продолжиш. Грешките тогаш, престануваат да бидат болни. Се’ ова еднаш доаѓа. Подобро порано отколку подоцна.

Подобро со такво искуство, кое дури и ако остава лузни, барем не убива. Разочарува, но не до крај. Ја зема младоста, но подарува уметност, за да се одржи формата. И ужива во својата зрелост.

Аглаја Детешиџе

извор: vk.com/aglayadateshidze

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: