Ќотекот излегол од рај, таму не му е местото, ниту ќе биде некогаш!

Сцена од еден филм. Ја нареков родителска, мајчинска. Една мајка и две мали дечиња. Им купува торта со макотрпно, но чесно заработени пари, можеби последните што ги има во џеб. Но, не жали, напротив на лицето и пишуваше среќа, зошто своите деца ќе ги направи среќни, ќе ги види како се смеат, па што може поубаво од тоа зар не? Исече од тортата и им ги подаде полните чинии, а за себе исече едно тенко, тенко парче торта. За неа и тоа малку беше премногу, сакаше да остане повеќе за нејзиниот свет, децата.

Но врвот на сето тоа, таа не беше незадоволна и исфрустрирана, не го проколнуваше животот, беше благодарна што родила две прекрасни деца и има за кого да живее. Морам да признаам, се стопив гледајќи ја сцената и се запрашав од друга страна: ‘Боже како може да има родители што не се родители, зошто можете секако да ги наречете ама баш секако, освен родители? Зар реалноста си ја надмина суровоста и стана уште посурова?

Не сум родител, не знам како треба, но, барем како човек знам како не треба! Потсвесно сите знаеме, но полесно се чини да го замолчиме проблемот отколку да го решиме. А најчесто “проблемот” кој го замолчувате е вашето дете! Ејј дете, де – те!

Тоа ДЕТЕ е на илјада милји оддалечено од изразот проблем! Да почнеме од тоа, дека никој од нас не може да си ги избере родителите, но тие избираат какви родители ќе ни бидат нам. Детето е ваша одговорност, дали ќе го научите на вистинските вредности или не, ваше е, дали ќе е среќно или траума врз траума, ваше е, свесно или несвесно му ја кроите судбината!

Вие како родители сте неговиот пример, идол, нивниот мал, а толку голем свет. Кога велите јас многу си го сакам детето, уверете се дека ја зборувате вистината и дека за кажаното сведочат дела!Од толку што ги сакате ли ги тепате, им се дерете колку ве држи глас? Тоа што го нарекувате дисциплинирање е ни помалку, ни повеќе насилство.

Да, насилство е и еднаш да го удрите детето, насилство е да му викате и тероризирате со пцовки и погрдни зборови, насилство е да ве гледа бесни и во вашите најлоши изданија, вашата отуѓеност и нељубов, да, сето тоа е насилство, а тоа е само ваше дете. 

Секое дете без разлика, не треба да биде жртва на насилство, ставете го тоа во глава, бидејќи за душа почнувам да се сомневам, дека баш сите ја имаат. Како таквите луѓе, можат мирно да спијат кога ќе ја стават главата на перница, знаејќи дека нивното дете заспива во солзи, како можат уште и да се погледнат во огледало?

 
Вашите деца никогаш нема да заборават какви родители сте биле. Модринките ќе поминат, ама лузни на срцето остануваат, сеќавањата болат и му велат на времето: не труди се за џабе! Кога сакате да ги научите децата како треба, разговарајте, кога ќе згрешат разговарајте, кога ќе им излета од устата нешто лошо пак разговарајте!

Давајте им љубов и топлина без мера, учете ги на вистинските вредности, хранете ги со добро, бидете родителите од нивните соништа. Дете во нас секогаш ќе живее, што знае тоа за години! Не убивајте го тоа дете во детето, чувајте го, сакајте го и денес и утре и секогаш!

Бидете неговата потпора било каде, било кога! Родителската мисија ви е да му дадете крилја на детето и да го гледате како во животот учи да лета!


Калимеро  

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: