Не е доволно љубовта да се посади, треба и да се залева

Побуните кратко траeja, толку кратко, што не вредеше ниту да се креваат. Посебно што знаев, колку и да бев лут, ништо не може да ми ја замени неа, ваква каква е, теснограда во својата љубов, нетрпелива кон се’ што би можело да и’ земе дел од мене, нејзината своина.

И многу брзо од својата неспретна побуна и наводно желба за слобода, се враќав во цврстата тврдина на нејзината љубов, како смирен бегалец кој не се одалечил подалеку од капијата. Животот не ни беше наклонет и сами создадовме своја мала заедница, свој космос, во кој намируваме се’ што ни недостасува.

Кога бев загрозен, мислев само на неа, храбрејќи се со нејзиното присуство. Кога ми беше тешко, го спомнував нејзиното име како молитва, наоѓајќи олеснување. Кога ќе почувствувам радост, трчам да ја поделам со неа, благодарам сум и’, како таа да ми ја подари.

Добар е човек и убава жена, но она што е само за мене, тоа сам го создадов. Дури и да има големи мани, јас нема да ги знам. Потребна ми е совршена и не можам да дозволам, тоа да не биде. И’ дадов се’ што не најдов во животот, а без кое не можам. Дури и се смалувам пред неа, за да биде поголема и јас со нејзина помош.

Богато ја дарувам, за да можам да ја земам. Јас сум осуетен, таа е остварена и така сум обештетен. Таа ми го намирува изгубеното и добивам повеќе од она што посакував да имам. Моите желби беа магловити и растурени, сега се собрани во едно име, во еден лик, постварно и поубаво од мечтата.

Нејзе и’ признавам се’ што јас не сум, а сепак ништо не губам, одрекувајќи се. Немоќен пред луѓето и слаб пред светот, значаен сум пред својата творевина, повредна од нив. Неспокоен пред несигурноста на се’, сигурен сум пред љубовта, која се создава сама од себе, бидејќи е потреба, претворена во чувства.

Љубовта е жртва и насилство, нуди и бара, моли и кара. Оваа жена, цел мој свет, потребна ми е за да и’ се восхитувам и над неа да ја почувствувам својата моќ. Ја создадов како дивјак своја амајлија, да ми стои над пештерскиот оган, заштита од гром, непријатели, ѕверки, луѓе, небо, осаменост, да бара од неа обични работи но, да бара и невозможно, да чувствува воодушевување, но и горчина, да биде благодарен и да кара, секогаш свесен, дека без неа стравовите ќе бидат претешки, надеж без корен, радост без траење. Поради неа, исклучива и луѓето ми станаа поблиски.

Меша Селимовиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: