Не, не сум достапна. Не, не сум заинтересирана. Да, сериозна сум

Не, не сум достапна. Не, не сум заинтересирана. Да, сериозна сум.

Истата секунда, кога се промени мојот статус на врската, како некој светилник на небото да започна да пушта сигнал, кој ја покажува мојата отвореност, кон НЕ побарано машко внимание.

Но, дозволете ми да појаснам: не пуштам никакви сигнали.

Јас го гасам светлото, за кое не ни знаев дека е запалено. Ниту треба, ниту посакувам мажи во било кој облик, кој ќе го пополнуваат, она што се смета за празнина, благодарам.

Се фокусирам на поголем успех во секој поглед. На прво место се моите деца, па мојата работа, мојата куќа и неразумните стандарди на организација и чистота. Не сум фокусирана на пронаоѓање на својата друга половина, бидејќи сум веќе цела, комплетна.

Еден маж еднаш ми рече: ‘Ти си навистина комплетна жена’. Беше во право. Комплетна сум. И премногу, за да може да ме собере во половина од било што. Зошто недостаток на партнер во мојот живот, имплицира дека некој ми треба? Од каде тоа инсистирање на идејата, дека тоа што сум сама, значи дека е прифатливо, некој да продолжи упорно да ми се нафрлува, по мојот одговор дека не сум заинтересирана?

И ве молам, престанете да ме уверувате дека ќе го најдам оној вистинскиот. Јас сум онаа вистинската! Што се случува, по ѓаволите? Зошто живееме во свет во кој треба да лажам, наместо да зборувам вистина? Не е тоа напад не вашето кршливо его; тоа е само одраз на тоа, каде јас се наоѓам во тој момент.

Не е тоа очајнички потез да го привлечам вашето внимание. Просто не сум заинтересирана за вас. Не ми се потребни вашите пораки, во кои ми кажувате дека ви праќам ‘непријатна вибрација’ и дека е тешко да ме поканите за излегување. Што велите за идејата, тоа едноставно да не го направите?

Постои причина за тоа чувство. Заобиколете ме. Ако навистина го имате мојот број на телефон, тоа е затоа што најверојатно се познаваме, случајно имаме заедничка работа или пријатели и не ја злоупотребувајте таа привилегија. Тоа не е вкусно.

Знам што сакам и тоа, не е разговор кој ќе го водам по социјални мрежи, со некој кој едвај го знам. Мојата добрина е искрена, но моето пријателско расположение не значи, дека те гледам како нешто повеќе. Ако сум заинтереирана за твојата енергија, јасно ќе знаеш, бидејќи ќе ти кажам. Без тајни сигнали и контрадикторни пораки. На многу експлицитен, веројатно смешен, но директен начин ќе ти кажам дека ми се допаѓаш.

Не сакам да запознам некој, кој од мене сака повеќе од она што имам да му дадам. Да, јас сум комплетна жена. Жена која не е заинтересирана, која не е достапна и на која може да и’ оди на живци што ова мора да го пишува.

Среќно за сите среќни дами без партнер.

Лола

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: