Mи стана сеедно дали некој ме сака или не…

Ова е за тебе. Ако се чувствуваш осамено, ако сама се бориш низ денот. Ова е за тебе која надворешно изгледаш како лавица, јака, силна, а внатре си слаба и кршлива.

За тебе, која почнува да верува во својата лажна насмевка. Ова е за тебе драга, која никогаш не се откажуваш. Ова е за тебе, која жестоко се бори, без оглед на се’ што животот ти носи. Ова е за тебе која ќе станеш, секој пат кога ќе паднеш.

За тебе која не се согласуваш на ништо помалку од тоа што го заслужуваш. Ова е за секоја жена која се залага за нешто поголемо од себе.

За жена која ќе викне: ‘Стави ме во искушение’, наместо да шепоти ‘Зошто јас?’. Ова е за храбра жена, која не се чувствува секогаш важна. Ова е за жена која се насмевнува во текот на денот, а плаче пред спиење.

За тебе, која не мислиш дека си доволно добра, доволно убава, доволно паметна. Ти, која мислиш дека не заслужуваш среќа. Ова е за жена која се чувствува непривлечно, несакано.

За тебе, која понекогаш чувствуваш дека е премногу. За тебе, која се грижиш, за тебе која премногу за другите се даваш, за тебе, која предобро ги познава разочарувањата.

Овие зборови се за тебе, која сака премногу, посебно оние кои не те заслужуваат. За тебе, која толку даваш, за на крајот да те остават со срце на парчиња. За тебе, која си толку скршена, никогаш да не посакаш да сакаш. За тебе, која се бориш сама со себе и непотребно се туркаш на дното.

За жената која го живее својот живот низ цитати, држејќи се за она што помага да не се чувствува осамено. Ова е за тебе, која веруваш дека можеш да го смениш светот, за страствена жена. За тебе, која се сакаш и за која не треба никој да се грижи.

За тебе, која се’ можеш сама, за тебе, независна и силна. Тоа е за тебе, која никако да победиш. За тебе која стана блиска пријателка со болката и одбивањето. Која се труди и на крајот е повредена.

За тебе, која не стига да земе воздух, која не може да освои успех. За секоја жена која во себе се сомнева. Која сеуште своите способности ги доведува во прашање.

За тебе, која понекогаш се мразиш. Ова е за онаа жена која точно знае што сака од животот. За жена со големи цели и уште поголеми соништа. За онаа жена која нема да дозволи нешто да и застане на патот.

За тебе, која секогаш ќе каже што и’ е на ум, за тебе која не се плаши да се завземе за себе. Ова е за тебе која знае какво е чувството да се биде потполно уништена од друга личност.

За сите жени кои се емоционално убиени и успеале повторно да најдат љубов, за оние кои ја изневериле. Ова е за тебе, за да знаеш дека не си сама, не’ има уште.

Ова е да знаеш дека си вредна, дека постоиш бидејќи имаш цел. Постоиш бидејќи секогаш на некој ќе му бидеш се’. Да се потсетиш дека си доволна, дека си прекрасна, дека си добра, дека можеш да постигнеш се’ што ќе посакаш.

Заслужуваш да бидеш сакана. Заслужуваш љубов која одсекогаш си ја сонувала. Не си сама и никогаш нема да бидеш сама, ние ќе бидеме тука.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: