Животот е испит, студираш неволји, а дипломираш на проблеми!

Не е фер животот! Фраза која после ‘Добар ден’ е на второ место, колку само често ја слушам.

Имате право, не е фер.

Таман ќе помислиме ‘добро е, олујата помина’ тогаш, баш тој неправеден живот, вели: ‘Каде си тргнал човече?’ Те удира, те крши како стакло на парампарчиња, велејќи ти ‘ајде да те видам, застани на нозе, собери се дел по дел, ако можеш!’

А вие можете! Покажете му на животот со кого си има работа!

Станете и да боли и да е тешко и да се граничи со невозможното- возможно е! Знаете ли зошто?

Еве вака гласи приказната! Во една просторија имало четири свеќи кои гореле. Првата свеќа рекла: Јас сум МИР, но луѓето не успеале да ме сочуваат и се изгаснав. Другата свеќа е ВЕРБАТА. Велат луѓето дека ја сметаат за непотребна, па се изгаснала и таа. Третата е ЉУБОВ. Баш таа која не движи во животот се изгаснала, зошто е уморна да биде силна, а луѓето да ја ставаат настрана.

Во просторијата со свеќи, влегло едно дете и почнало да плаче, зошто трите свеќи се изгаснале. Тогаш се слушнала четвртата свеќа, која му рекла: Не плачи, се додека горам јас, ќе можеме повторно да ги запалиме останатите свеќи, зошто јас сум НАДЕЖ!

Така и било! Така е и со нас луѓето, само надежта ни треба, се’ да вратиме во живот. Не очајувајте. Очајот е како дрога, ве навлекува се подлабоко и подлабоко, се додека не ви е во крвта, да се откажувате наместо да се борите. 

Борете се! Издржете! Овој момент, колку и да е лош, тоа е само момент и ќе помине. Абракадабра и гледате, среќата се вселила во вашето срце. Малку треба за среќа, а исто толку малку и за тага.

Ви треба тоа малку за среќа, пронајдете го и бидете среќни! Иако не ви изгледа така, животот води сметка, ќе знае да го цени вашето малку за СРЕЌА. 

Не пропуштајте ништо од скапата забава наречена живот, само зашто ќе ве чини! Ве чини само вашиот страв и ништо друго, впрочем што можете да изгубите ако само дишете, а не живеете. 

Вистината на животот е во дождот. Мора да го преживеете дождот за да го видите виножитото!

 
 Калимеро 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: