Најлоша љубов е онаа, кога имаш надеж и многу енергија, само за да сфатиш дека се’ е бескорисно

‘Можеби, нашите грешки и ја создаваат нашата судбина’ – еднаш рече Кери Бредшо ( ‘Сексот и градот’). Најлошата врста на љубов е онаа, кога вложуваме голема надеж и многу енергија, само за да сфатиме дека се’ е бескорисно. Срцето се крши на милион делови, а ние се прашуваме, зошто ништо не ни успева.

Да, ние често грешиме во љубовта.
Ние ги бираме луѓето врз основа на лекциите, кои треба да ги научи нашата душа. Не можеме лесно да се промениме, не можеме да го отвориме мозокот и да го поправиме потребното. Тоа може да се случи само тогаш, кога остануваме сами со своето жалење.

Можеби тоа и не е толкава грешка, колку потреба, подобро да се разбере- кој си, колку сакаш, што ти треба во љубовта, која посакуваш да ја вратиш. Но, тоа не го менува фактот, дека таа еднаш го скрши твоето срце.

Потребна ни е голема грешка, која ќе не’ приближи кон љубовта на нашиот живот. Мораме да се скршиме, за да сфатиме, дека имаме желба да се ‘составиме’ повторно.
И често, најголемата грешка е таа врска, која не требаше ни да ја почнуваме или барем од неа порано да излезевме. Но, не го направивме тоа.

Не, затоа што таа љубов е наша судбина, туку поради тоа што без неа никогаш не разбравме што е вистинска љубов.
Ние секогаш имаме избор, да останеме во таква врска, а тоа е константна борба на карактерот и идеалот. И колку и да се надеваме, дека овој пат работите ќе се завршат поинаку, тоа не се случува.
Бидејќи не е судено.

Нашата грешка треба да се заврши, обично многу горко, обично катастрофално тешко. Нејзината цел е да не’ скрши до последно делче и кај нас да предизвика, преиспитување на нашата престава за љубовта.
Мораме да се запрашаме, што тргна однопаку, што всушност за нас е љубов. А тоа не се случува преку ноќ, ќе трае се’ додека не ја освестиме вистината и не престанеме да се криеме од неа.

Тоа е состојба, кога знаеме, дека можеме на некој да му ја подариме љубовта, но исто така дека можеме да си одиме со крената глава и уверување, дека ќе најдеме некој достоен.

Љубовта на нашиот живот чека и кога ќе не’ пронајде, нема да се прашуваме, зошто моравме да поминеме низ толку љубовни страдања. Таа љубов ќе дојде, кога конечно ќе поверуваме, дека заслужуваме, она што посакуваме.

Откога ќе го преживееме раскинувањето, сосем поинаку кон љубовта ќе се однесуваме.


Ќе бараме мир и спокој, а не страст и оган. Нема да им даваме важност на надворешноста, туку ќе обрнеме внимание, на енергијата која човекот ја внесува во нашиот живот. Пополека ќе почнеме да сфаќаме, дека е неважно кој е тој човек, веќе е важно каков човек тој буди во нас. Треба да бидеме подобри. Треба да не’ инспирира.

И тогаш ќе сфатиме, дека нашата најголема животна грешка, стана ѕвезда водилка за најголемата љубов на нашиот живот.


Извор: http://www.cluber.com.ua

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: