Не го кревајте гласот, пронајдете подобар аргумент

Во секоја тешка ситуација, постои лекција која ни помага, повеќе да го почитуваме животот. Една од нив е, дека не е важна онаа подршка, која ни ја даваат луѓето кога се’ ни оди добро, туку кога сме на дното и кога гледаме, кои луѓе едноставно ќе ‘испарат’.

Секоја тешка ситуација не’ насочува, да ги погледнеме луѓето околу себе, колку им е важна нашата емоционална слабост, дали ги ‘забавува’ или едноставно сочувствуваат со нас и бараат начин, да ни го олеснат животот.

Ништо на светот не се случува случајно и без причина, само е потребно време за да разбереме некои процеси. Тоа што сега мислиме дека сме во некоја загуба, всушност е ‘отскочна даска’ за наш раст. Во тешки ситуации ги преиспитуваме нашите вредности, дали тој ‘мрачен тунел’ ќе ни овозможи да ги потврдиме своите вредности на истрајност, чест, доследност, храброст, сочувство или се’ она што сме граделе или во она што веруваме, едноставно ќе го фрлиме во ветар.

Не доаѓаат сите тешки ситуации во животот да ни ја однесат надежта, туку да ни ја зацврстат, да ни покажат колку сме борци, за да не се фалиме без покритие.

Во секоја потешкотија има некоја магија, бидејќи ни ја отвора вратата во некој друг свет, ни покажува, колку и да мислиме дека се познаваме себе и светот околу себе, сепак во тоа познавање сме површни.

И на крајот, кога сето тоа ќе помине, кога конечно ќе го пронајдеме својот мир и исполнетост, ќе научиме да дишеме со полни гради, ќе сфатиме дека животот, не значи, некој друг дека е должен да прави нешто за нас, туку ние како луѓе, имаме должност да направиме нешто за светот околу себе.

Преку тешкото време, работите треба да дојдат на свое место и конечно да откриеме, како сето тоа е замислено. Кога коцките ќе се наместат, ќе разбереме дека тешкотиите биле тука, за да излеземе од маѓепсаниот круг на своите мечти и да излеземе во стварниот живот.

One thought on “Не го кревајте гласот, пронајдете подобар аргумент

Add yours

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: