Не жали, не плачи, само добро внимавај на себе

Вистинската самодоверба не се темели врз нашите постигнувања на овој свет, туку на исполнување на она што сме, нашата смисла, она што си сме сами на себе и како им се претставуваме на нашето семејство и на светот околу нас.

Ако личноста има таква самодоверба, може да предизвика верба и доверба кај другите. Неуспехот не се однесува толку на загубата на нешто надворешно. Губењето на нашиот карактер и интегритет е главна загуба на нашиот внатрешен живот.

Личноста со вистински приоритети и став е подготвена да прифати и големи неуспеси во очите на светот, за да ги зачува високите вредности во кои верува. Ако сме подготвени да ги продадеме своите идеали, својата етика, својот интегритет и својата душа за да добиеме восхит од останатиот свет, тогаш нашата т.н. самодоверба ќе се гради врз темели од песок. Таа нема вистинска состојка и не може да ни овозможи вистинско исполнување.

Лажната самодоверба се должи на ниското самопочитување и е еден од најголемите проблеми на светот и тоа не само за угнетените луѓе, туку и за луѓе кои се на висока и моќна позиција. Ниското самопочитување, всушност значи, помалку вистинско задоволство во нашиот внатрешен живот. Луѓето со ниско самопочитување сакаат да озборуваат. Зошто?

Бидејќи тоа им дава задоволство. Во себе ја немаат вистинската супстанција. Од друга страна, луѓето кои се сигурни во себе зборуваат за своите животни идеали, не за грешките на другите. Личноста со ниска самопочит е брза во критикување на другите, додека личноста со некое внатрешно исполнување е полна со почит кон другите, таа природно има желба да покаже почит и грижа кон другите.

Личноста со ниска самодоверба е арогантна. Таа мисли Јас го направив ова, ги поразив овие нации, заработив милиони, ги освоив овие турнири итн. Таквите луѓе се желни да ги уверат другите дека се успешни и што постигнале. Меѓутоа, личноста со вистинска самодоверба е понизна. Зошто?

Бидејќи едноставно нема потреба да ги импресионира другите со ефтини зборови на самољубие. Ако сте внатрешно многу слаби ќе се фалите со секоја ситница за да ве препознаат, да добиете одобрување и обожавање. Но, ако имате внатрешно исполнување, ако имате доверба во себе тоа не ви е потребно.

Еднаш еден светец од Хималаите ми рече, дека ако некогаш направите некое добро, а на сите им зборувате што сте направиле, ги губите сите добрини од тоа дело. Во денешно време не е реткост да се видат луѓе кои земаат заслуги, не само за свои дела туку и за туѓи, а исто така и штом направат нешто лошо ги обвинуваат другите.

Тоа е уште една одлика на личност со ниско самопочитување. Таа се правда и ги обвинува другите за своите недостатоци, додека личноста со висока самодоверба не се правда, за тоа што го направила или не го направила, таа секогаш се труди да се подобри.

Личноста со ниска самопочит зависи од тоа колку другите луѓе ја препознаваат, почитуваат величат и одобруваат, додека личноста со самодоверба ја зборува вистината и го прави тоа што е правилно иако тоа ја прави непопуларна.

Општеството денес има големо влијание врз единката особено врз младите. Многу луѓе пушат цигари, пијат алкохол и прават разни штетни и недозволени работи, не поради тоа што тоа го сакаат, туку затоа што сакаат да се прифатени од другите. Интегритет значи, дека разбираме што е правилно и така и делуваме, дури иако луѓето не критикуваат, прават шеги на наша сметка и не исмејуваат. На крајот тие луѓе кога ќе се најдат во неприлика ќе почнат да ви приоѓаат сфаќајќи дека вие сте доследни.

Личностите со ниска самодоверба лесно стануваат љубоморни на туѓиот успех. Што е љубомора? Тоа значи дека ние сме толку шупливи и празни внатре, дека има толку малку исполнување на нашите вредности и тоа што сме, па всушност мора да чувствуваме некој вид на омраза кон оние кои изгледаат подобри од нас. Личноста со вистинска самодоверба е добронамерник на секој. Не е загрижена за својата репутација, но важен и е карактерот.

Не е загрижена околу тоа што може да добие и што може да им докаже на другите со своето облекување, со својот говор, мебелот дома, туку и е важно што може да им даде на другите. Вистинската самодоверба не значи дека стануваме егоистично сосредоточени на себе. Уметноста на вистинската самодоверба е како да не бидеш себичен, бидејќи така доаѓа до вистинско внатрешно исполнување.

Радханатх Свами

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: