Ако не се чувствуваш добро- оди си!

Постојат луѓе кои се среќни дури и кога во животот не им оди добро. И постојат луѓе кои во се’, па и во најубавите работи, гледаат нешто што не им се допаѓа и поради кои се несреќни.

Психолозите велат дека оваа ‘несреќна група’ има седум oсобини со кои се одалечуваат од среќните луѓе, но во самата срж на сите навики, се наоѓа разликата.

‘Постојат милијарди луѓе кои навистина имаат причина да бидат несреќни. Сите други, се среќни или несреќни во зависност од денот. 40% за нашето среќно или несреќно чувство, зависи од нас самите. Хронично несреќните луѓе ги имаат следните седум особини:

1.Верување дека животот е тежок.

Среќните луѓе знаат дека животот може да биде тежок и имаат тенденција, низ такви ситуации да поминат со ставот на љубопитен борец, а не жртва. Тие, за разлика од хронично несреќните, превземаат одговорност и се фокусираат на тоа, од секоја несреќна ситуација да се извлечат што побргу. Истрајноста во решавањето на проблемот е особина на среќните луѓе. Несреќните луѓе, себе си се гледаат како жртва на животот и остануваат заробени во ставот- ‘види што ми се случи’, наместо да пронајдат начин да преминат на другата страна.

2. Недоверба во други луѓе.

Повеќето среќни луѓе им веруваат на своите блиски. Тие веруваат во доброто во луѓето, отворени се, пријателски се однесуваат со оние кои се сретнуваат, негуваат чувство на заедништво и отворени се за нови познанства. Несреќните луѓе се неповерливи кон повеќето луѓе со кои се среќаваат и претпоставуваат, дека на странците не може да им се верува. Таквиот став ја затвора вратата за некои контакти, се искривуваат сите шански за нови средби и пријатели, и тие најчесто се држат за нивниот мал, несреќен круг.

3. Неможноста да ја видат среќата

Има повеќе лоши работи во овој наш свет, тоа е факт, но несреќните луѓе мижат на секој траг на среќа, бидејќи се фокусирани само на она што не е во ред. Можете да ги забележите на километар- тоа се оние кои постојано се жалат и кои на помен на нешто добро ќе кажат: ‘Да, но…’

Среќните луѓе се свесни за глобалните промени, но својата загриженост ја балансират така да не можат да бидат поплавени. Нивните очи се отворени, за разлика од несреќните луѓе на кои едното око им е затворено и токму она, кое би требало да го види доброто во светот.

4. Љубоморни се

Несреќните луѓе веруваат дека туѓата среќа е изградена на нивната несреќа. Тие веруваат дека нема доволно добрина за сите нас на оваа планета и дека мораме едни од други да крадеме. Тоа доведува до љубомора и презир.

Среќните луѓе знаат дека вашата среќа е ваша работа и тежат и тие да ја достигнат својата среќа. Среќните луѓе веруваат во тоа дека нивната среќа е единствена и никој на оваа планета не може да им ја украде или копира. Тие веруваат во неограничени можности и никој не може да ги застане.

5. Не се трудат да управуваат со својот живот.

Среќните луѓе секојдневно превземаат чекори за да ги остварат своите цели, но имаат на ум и тоа дека не можат да ги контролираат баш сите исходи и потоа длабоко да се разочараат што не е се’ онака како што имаат замислено.

Среќните луѓе не потонуваат, кога животот ќе им тргне однопаку, тие само велат: ‘Се случува’ и преминуваат на план Б. Несреќните, меѓутоа очајуваат, се жалат, се откажуваат.

6. Лошо мислат за се’.

Несреќните луѓе не мислат на добар исход, туку во старт се плашат дека се’ ќе тргне наопаку. Среќните луѓе, меѓутоа, си дозволуваат себе си да фантазираат за тоа што може животот убаво да им донесе. Несреќните луѓе главата ја полнат со грижи и стравови. Несреќните луѓе сакаат да живеат во минатото. Постојано се враќаат на она лошо што им се случило или на несреќа на некои други луѓе. Среќните луѓе живеат во сегашноста и во иднината. Можете да им ја почувствувате позитивната вибрација, кога сте во друштво на среќни луѓе.

Приметувате што се наоѓа во сржта на овие работи?

Начинот на размислување. Значи, не се работи за тоа, дали некој има или нема, ниту за тоа дали е некој роден под среќна ѕвезда или има лош хороскоп, туку само, како некои луѓе сакаат да ја видат ведрата страна на работите, а другите гледаат само лошо. Факт е дека ништо не е црно или бело, туку секогаш е мешано, но исто така е факт, дека несреќните луѓе секогаш ќе се фокусираат само на црната страна на работите.

Извор: Мондо

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: