Каде ни се губи волјата?

Делот од психологијата која се занимава со силата на волјата тврди, дека ништо не е невозможно ако постои одлучност, харизма и истрениран мозок кој ќе носи подобри одлуки. Не се сите родени со овие вештини и лични вредности, но можно е да се развијат со тек на време, надминувајќи ги границите и способностите.

Каде ни се губи волјата? Зошто понекогаш знаеме работите да ги ‘истегнеме’? Што е всушност моќта на волјата?

Понекогаш имаме погрешна идеја за различни човечки однесувања. Можеби ќе ви се случи, да живеете периоди во кои потполно ви недостасува волја, како да сте затворени во мрачна просторија и да не знаете што да правите, како да реагирате и да се чувствувате, потполно беспомошно. Во слични ситуации, сте биле дури и критикувани, поради вашите очигледни слабости и неможност за реакција.

Психологијата за волјата вели, дека оваа димензија не припаѓа на генетиката, никој не се раѓа со однапред инсталиран програм, кој се активира кога е потребно. Оваа внатрешна енергија е многу осетлива на состојбата на умот, на контекстот во кој живееме и на образованието кое го примаме. Никој не не’ научил на стратегии за надминување на стравот, неодлучноста, вежбање на самоконтрола или слично.

Затоа е важно прво да дефинираме што подразбираме под волја.
Силата на волјата е свесно регулирање на егото, со која се постигнува целта, а субјектот е свесен дека го заслужува. Оваа димензија е блиску поврзана со самодовербата и самоконцепцијата.
Важен аспект поврзан со оваа димензија е регулирање на негативни или ограничувачки мисли.
Мора да научиме да ги контролираме несакани импулси кои ни сметаат. Таа, исто така е поврзана со способноста да го одложиме задоволството. Мораме да бидеме во состојба да се воздржиме од краткорочните искушенија за да постигнеме долгорочни цели.

Еве 3 совети од психологијата, за силата на волјата:

‘Мислам дека нема да успеам’ – ова е несомнено една од фразите кои ги изговараме или мислиме кога ги поставуваме целите. Во стварноста, овој негативен и ограничувачки дијалог со себе, е првата работа која мораме да научиме да ја контролираме, победиме и менуваме.

Еден од начините тоа да го направиме е мислата: ‘Ако мислам дека тоа не го можам, ќе најдам начин тоа да го направам’.
Ќе го направам со елиминација на негативниот внатрешен дијалог. Колку и да е негативен мојот глас, секоја реченица ќе ја претворам во позитивна: ‘Не можам да имам подобра работа, тешко ќе биде’ – се заменува со: ‘Ако не можам да добијам подобра работа, ќе се обидам да понудам нешто ново и квалитетно’.

‘Ќе дадам најдобро од себе’
Сите имаме величенствени квалитети, способности и вештини кои мораме да ги препознаеме, да ги цениме и унапредиме. Меѓутоа, понекогаш во некои околности, ние често забораваме или ги потценуваме овие наши вредности. Време е да се присетиме, да ги тргнеме настрана лошите влијанија, кои доаѓаат однадвор или одвнатре и кои ја рушат нашата самопочит и да бидеме максимално она што сме.

Сакам моќ
Последната идеја е едноставна, корисна и практична. Повикува да се практикуваат едноставни вербализации во секојдневниот живот. Еве неколку примери:
Сакам да се чувствувам подобро.
Сакам да се чувствувам посилен.
Сакам да го надминам минатото и да ги отфрлам негативните мисли. Денес сакам да се соочам со тој страв, со тој проблем.
Сакам да ја постигнам таа цел.


Извор: https://lamenteemeravigliosa.it/psicologia-della-forza-di-volonta/

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: