Понекогаш Малечка….

Понекогаш Малечка ќе се чувствуваш скршено, ќе си кажеш- Е, сега е готово- ама нема да биде! 

Ќе имаш уште многу од животното сценарио! 

Понекогаш ќе се прогласиш за губитник, ќе кренеш раце од се’, ама немој да кренеш од себе!
Понекогаш многу ќе згрешиш, многу ќе ти згрешат. Нема ни грам верба во тебе да има, дека работите ќе се поправат на овој или на оној начин, се’ ќе ти изгледа изгубено.
Понекогаш светот ќе ти се чини црн, црн ко ноќ и тоа ноќ без ѕвезди. 
Понекогаш само ќе лежиш и ќе лежиш во твојот кревет, немо ќе го набљудуваш животот, нема да сакаш никаде да излезеш и да се појавиш, а улиците ќе го забораваат твојот чекор.

 Понекогаш нема да те сакаат. Љубовта ќе те разболи, но можеби некаде таму во нечие срце се крие лекот! Можно е нели?
Понекогаш ќе си гневна, ќе ти биде тесно во сопствената кожа, ќе сакаш да побегнеш. Од себе, ќе можеш ли?
Понекогаш се’ ќе ти изгледа бесмислено, а не си ни свесна дека ти си смислата, ти Малечка! 
И така понекогаш, понекогаш…… 
Не заборавај Малечка, тоа е само понекогаш. Ти и твојот живот сте многу, многу повеќе од тоа понекогаш!


   Калимеро  

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: