Чао аморе, се гледаме никогаш!

Не тагувај!

Не те сака, ти не губиш, тој губи! 

Не те цени доволно, толку било од неговиот “карактер”. 

Некои луѓе за жал се хендикепирани за љубов. Не може секој да сака,  да не се умори, а и тогаш кога ќе се умори, да не се откаже!

Не ти се јавува ни да праша како си! Одговара на некоја твоја стота порака!

Слушај и два животи да има пак ќе нема време за тебе, пак ќе му фалат тие две минути, да ти напише една единствена порака!

Ни две минути нема за тебе, а ти, уште ли го имаш целото време на овој свет за него! Размисли!

Не помниш кога ти кажал дека те сака и вистински да го чувствува тоа “те сакам”. Можеби нема срце за твојата љубов, храброст е тоа што треба да му тече низ вените!

Немој да бидеш слепа при очи, погледни зар е љубов оваа?

Не се навикнувај на оваа лага, бидејќи е само лага ништо повеќе! 

Земи воздух, погледни кон сонцето, што бараш ти покрај човек со кого секогаш е мрак?

Затвори ги очите, број до 10 и храбро кажи му : Чао аморе, одам во подобар живот, се гледаме никогаш!

Направи го тоа за себе и за никој друг!

Пред да очекуваш некој да те сака, сакај се себеси, почитувај се доволно!

На сите нека им стане јасно дека не си луда да го трошиш животот на аматери за љубов!

Угаси го мракот во тебе, не си ти за мрак родена! 

Калимеро

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: