Ми недостасуваш…. Тоа е мојата најкратка биографија

Како да почнам приказната за тебе, кога таа никогаш не се завршува. Кај мене сѐ брзо поминува, само ти траеш..Не бројам веќе години. Те пуштам во заборав, ама секогаш се враќаш, како писмо на кое пишува- “Не примаме незаборавни”.

Ми недостасуваш. Тоа е мојата најкратка биографија. Кога некој ќе ме праша, што најдобро знаете да работите, јас им велам умеам да те немам.

Јас докторирав да те немам тебе, ама во тоа немање, всушност премногу те имав, повеќе од оние другите кои те имаа секое утро на својата перница. Секогаш беше тука некаде.

На секунда од здивот, на отчукувањето на срцето, на миг од вечноста. Ти си моја приказна без крај, мојата најубава лекција. Да научам да љубам. Безусловно. И кога те немам да те имам.

А ти да научиш да бидеш слободен, а не врзан… Да можеш да сакаш – без допир.. И затоа повеќе никаде не мрдам, бесмислено е да се бега..

Секое наше ново пронаоѓање на себе си, всушност е патување до оној другиот…што засекогаш го љубиш.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: