Жената не треба да биде нормална, жената треба да биде среќна

Хармоничните односи секогаш започнуваат со хармонична жена. Не започнуваат со вештината за манипулирање, ниту со тајни техники на жената како да го задржи мажот и да се омажи. Не. Само хармонична жена може да изгради хармонични односи. И точка. Ништо повеќе.

Кога на жената и е добро сама со себе, кога не се плаши од самотијата, кога може самата себе да се забавува, да и’ е интересно, кога има соодветно самопочитување и самодоверба, кога се познава себе си и своите потреби, кога е мирна и спокојна и точно знае што сака, дури тогаш односите ќе бидат складни. Бидејќи таа треба да се занимава со себе. Не со својот маж. Туку, само со себе. Прво треба со себе да воспостави однос, а потоа да гради комуникација.

Бидејќи, кога внатре во нас е тивко, спокојно и добро, тогаш да се побара помош е лесно, тогаш да се каже добар збор е лесно. Но ако точно знаете дека ова за вас е катастрофа, дека е тешко да му верувате, да го почитувате, да сте верни не само со телото, туку и со умот, да го прифатите каков што е, да му оставите личен простор и време.. ако не го можете ова, тогаш тоа е сигналот.

Сигнал, дека треба да престанете да мислите на него, да се обидувате да го промените, да престанете да барате волшебно копче за него, кое ќе ги исполнува сите ваши желби. Така може само да се уништи односот, гарантирано.

Фокусот на вниманието, наместо на мажот префрлете го врз себе. Престанете да мислите на мажите и како да ги добиете. Почнете да мислите само на себе. Не си поставувајте приоритет од типот- да го спасам бракот, како да воспоставам врска со него, ниту како ќе се омажите. Поставете си цел да си бидете интересна сама на себе си.

Тоа е слично како кога одгледуваме зеленчук. Прво треба да се подготви почвата, да се засади семето и да се одржува со минимален напор. Но, ако почвата не е подготвена, а веднаш се посади семето, дури и ако се вложи многу напор, до жетва нема да дојде. Само ќе изгубите време, енергија, ќе добиете негативно искуство и ќе ја изгубите вербата.

Слично е и во односите. Може да наполните цела вреќа со манипулативни методи за комуникација со мажите, може да научите да притискате на различни копчиња за да го добиете посакувното, но каква смисла има тоа долгорочно, доколку сте вие сериозно болни?

Вие ќе сте мајмун со бомба во рацете, кој со своите методи може да ги повреди оние кои му се блиску. И се разбира, за среќа не може да стане ни збор, иако можеби од страна гледано вашето семејство изгледа совршено.

Затоа, не гибајте ги мажите додека прво не се договорите со себе. Нема да има хармонични односи додека нема хармонија во вас. Престанете да ги менувате другите луѓе и односите со нив. Смирете се себе. И се наоколу ќе се смири.

Верувајте, проучувањето на себе и вашиот развој е бескраен и восхитувачки процес. Ако навлезете во него, нема да можете да се стопирате, ќе ви биде се поинтересно со себе.

И колку повеќе ви е интересно со себе, толку повеќе ги привлекувате другите- мажите, пријателите, децата, колегите и претпоставените.

Се почнува внатре. Од нас самите.

Автор Олга Валјаева

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading