Луѓето не се менуваат, само ги тргаат маските

Грижата за себе (англ. “self-care”) е една многу непривлечна работа.

Тоа значи да ги ставиме на хартија сите наши финансиски долгови, да се тераме себеси на нова утринска рутина која е добра за нас, да готвиме здрави оброци; тоа значи неповлекување пред сопствените проблеми, како и донесување одлуки дека чистата дистракција повеќе нема да ја нарекуваме трајна.

Под грижа за себе најчесто подразбираме одвратни работи кои никако не сакаме да ги правиме – препотување на уште еден тренинг, соопштување на токсичниот пријател дека повеќе не сакаме да го дружиме, наоѓање уште една работа за да имаме заштедено нешто на страна…

Тоа значи изнаоѓање начини да се прифатиме себеси наместо да се измачуваме со обидите да бидеме совршени, а потоа одвојување време, свесно и задолжително одвојување време за себе, за неколку капки ароматично масло во кадата, читање списание или исклучување на телефонот цел еден ден.

Светот во кој терминот ‘”self –care”e толку тренди, е болен свет.

Грижата за себе не би требало да биде нешто, кон кое прибегнуваме само кога сме апсолутно исцрпени и кога ни е потребен одмор од сопствениот неумолив внатрешен притисок…

Вистинската грижа за себе не е (само) уживање во топла миризлива када или чоколаден колач – тоа е свесно создавање живот од кој не ни е потребно постојано бегање.

Тоа често значи извршување на оние работи кои НАЈМАЛКУ ни се прават.

Тоа значи да ги погледнеме своите неуспеси и разочарувања право во очи и да создадеме нови стратегии. Тоа е незадоволување на импулсивните желби. Тоа е пуштање, избирање на ново, понекогаш тоа е разочарување на некои луѓе. Од друга страна некогаш тоа е поднесување жртви за други луѓе. Тоа е стил на живот кој избира мал број луѓе, но кој донесува околности кои имаат мал број луѓе.

Грижата за себе е и дозвола да бидеме нормални. Обични. Ништо посебно. Тоа значи дека и кујната ни е некогаш валкана, и дека смислата на животот не е зголемување на бицепси или натпреварување во успешноста со лажните пријатели.

Тоа е согледување колку нашата анксциозност произлегува од сопствениот неостварен потенцијал, а колку од начините на размислување кои сме ги усвоиле пред воопшто да станеме возрасни личности.

Доколку пречесто се впуштате во “ консумирачката грижа за себе”(шопинг), тоа е затоа што сте дисконектирани од вистинската грижа која има многу малку врска со “почастувањето себеси”, а многу повеќе со играњето родителска улога на самите себе, со донесување одлуки кои носат добробит ( благосостојба) на подолги патеки.

Грижа за себе е и кога својот хаотичен и неразумен живот не го користиме повеќе како изговор за само – саботирање во вид на користење опојни супстанции или прокрастинации т. е. одолговлекување на обврските.

Грижата за себе значи престанување со “себепоправање” и почеток на вистинско водење на сметка за себе…што во некој момент не доведува до решавање на поголемиот број на проблемите кои првобитно сме сакале да ги решиме.

извор: Atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: