Со крената глава, гордо како никогаш до сега и со победничка насмевка чекорете во животот!

Ќе одиме по патишта, сосема погрешни, а нам ќе ни се чини дека сме на вистинскиот пат.

Се случувало и се случува, живот и сѐ е можно!

Да го изгубиме компасот на животот и тоа се случува!

Можеби ќе лутаме лево-десно, горе-долу, ама излезот е тука некаде. Животот секому дава товар, онолку колку што може да поднесе! 

Да, доаѓаат мигови кога животот го гледаме како една пустина, жедни и гладни сме да ги оствариме своите соништа, ама како целиот свет да се здружил против нас. 

Од среќата ни трага ни глас! А тоа подобро утро го има па го нема, како да е фатаморгана!

Ама ни тогаш, ни сега, ни илјада причини да имаме за откажување, секогаш ќе постои барем една добра причина за да продолжиме.

Нека удираат громови, вие терајте си ја вашата песна! 

Ако некој проба да ве сопне, покажете му дека не е секоја замка за иста ѕверка!

Моќта е само во вашите раце.

Затоа не градете ѕидови кои нема да можете ни самите да ги срушите. Изградете мост кој ќе ве спојува со вашата среќа, со она што сте, без шминка на душата и карактерот, само тогаш ќе бидете онаму каде што треба да бидете.

Немојте да ви стане сеедно и да се препуштите на нечија  милост и немилост!

Тоа сеедно е како тумор на душата, кој се шири насекаде и тешко се лекува! 

Затоа за душманите нека ви е сеедно, само не за вас. 

Уште имате толку време, не само да дојдат вашите пет минути, тука да биде вашето среќно време! 

Со крената глава, гордо како никогаш  до сега и со победничка насмевка чекорете во животот! 

Верувајте најтешко е себеси да се победите, зошто самите на себе сте најсилниот противник за борба и конкуренција било кога и било каде! 

Чекор по чекор, чекор по чекор, тоа е темпото на животот. 

Чекорете како да е црвен тепих, а не патека со трња! 

Дојдете, видете и победете!

Калимеро

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: