Најлошо е кога со себе не си искрен. Кога однадвор на сите им изгледаш супер, но внатре венееш

Само искрено…Без оглед кој стои наспроти тебе.

Само искрено..Мислите, зборовите и делата да ти се усогласени. Само храбро напред… Вистината секогаш ќе те заштити. Дури и кога мислиш дека се’ ќе се сруши. Што ќе ти е да опстојува, кога е лажно?

Вистината нека те води. Да почувствуваш како си усогласен сам со себе. Секогаш и секаде. Бирај начин на кој нешто ќе кажеш и нека биде најпријатно што може да биде.

Но, најпрво искрено. И можеби нема да испадне така совршено како што си замислил. Но знај, тоа е најсовршеното што можеш да го добиеш. И можеби тогаш некои луѓе ќе си одат, некои работи ќе се распливнат, ситуациите ќе се променат…

И голема услуга ќе ти направат. Бидејќи ако се’ се сруши и ако останат само неколку каменчиња кои се квалитетни, на нивните темели можеш да изградиш дворец во огромни размери.

Вистината секогаш се’ ќе ти расветли. Затоа заблагодари се. Ќе ти донесе прекрасен мир; кој не може со ништо да се мери. Слобода, од себе да не посакаш да избегаш…И да ти олесни голем терет.

Најлошо е кога со себе не си искрен. Кога однадвор на сите им изгледаш супер, но внатре венееш.. Што ти вреди тоа неискрено издание? Што тоа носи? Дали е вредно она што ти носи? Што ти вреди ако не можеш во очи да се погледнеш во огледало?

Прости си.. На својата, можеби досегашна неискреност. И тргни искрено понатаму. Можеби по прв пат потполно искрено. Чекор по чекор. И ќе почувствуваш како се зголемува тоа чувство на леснина.Од момент до момент, ден по ден…

И на крајот ќе леташ како птица. Слободен мирен и исполнет.

На крилата на вистината.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: