На сите ни е потребна блискост

На сите ни е потребен допир..

Од недоволно сакани, недоволно галени деца, растат лоши и агресивни возрасни луѓе. Луѓето умираат од тактилна глад.

Да се гледаме едни со други како волци, да бидеме очајни поради неможноста за допир, бидејќи некој некаде рече, дека треба да се почитуваат правилата на однесување.

Се прикачуваат етикети -не треба да се љубат и да се гушкаат непознати, не треба да се посакуваат оние кои се поинакви.. Секој од нас во моментот на очај бара гушкање, сите бараат подршка во рацете на другиот, заштита на блиските.

Тоа не е слабост, како што многумина го тумачат…тоа е живот.

Единствена аспирација на кожата е да почувствува живот. Да го почувствува здивот на вратот, да го почувствува отчукувањето на срцето под дланката, да затрепери од топлина. Недостатокот на сето тоа, тага поради недостаток на физички контакт, ги одвлекува некои луѓе во грубост и цинизам, а другите- во илузија на умисленото.

И едните и другите веруваат во својата самодоволност и бараат спас во музиката, книжевноста, филмот и сликата, првите- уште еднаш да се уверат во глупоста на блискоста, другите- да најдат потврда за постоење на блискост.

Луѓето умираат, не испуштајќи од раце книга, не тргајќи го погледот од екранот на мониторот, не вадејќи ги слушалките, иако се покрај оние кои можат да им дадат спас.

Приближете се едни на други!

Јелена Цепелева

Извор:sobiratelzvezd.ru

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: