Не дозволувај твоето срце да го посакуваат, луѓето кои не те заслужуваат

Драги Боже,
Не дозволувај да се врзувам за она што не е судено за мене. Не ми дозволувај да засакам нешто или некој, ако планираш да го одземеш од мене.
Знам дека твојот план е непознат, но се’ додека тоа не го откриеш, направи го те молам полесен. Не дозволувај да се задржам, на она што треба да пуштам. Не дозволувај ми, да ги сакам оние кои ќе го скршат моето срце.
Затоа што лесно се врзувам и цврсто ги држам работите, не дозволувај мојот ум да ме убеди да посакувам работи кои не ми требаат или работи кои не се добри за мене.

Не дозволувај моето срце да го посакуваат луѓе кои не ме заслужуваат. Моето срце да ги бара оние кои одамна си отишле. Не дозволувај моето срце да се заљубува во некој кој не сака да остане.

Но, дозволи ми да заборавам на она кое никогаш не било наменето за мене, дај ми верба, бидејќи морам да верувам дека сум подобро без нив. Дај ми мудрост која треба да ја сфатам, дека заслужувам многу подобро и дека ќе бидам среќна некаде на друго место.

Или дај ми толеранција која ми треба сега, за да бидам во ред, бидејќи не добивам она што посакувам и дај ми трпение кое ми треба за твоите благослови и дарови.
Но, не дозволувај да се придржувам на она што не е во ред за мене. Не дозволувај толку да вложувам во работи и луѓе кои ќе мора да ги изгубам.

Не ми дозволувај, да посакувам она што не е мое, да градам иднина околу она што е привремено.

Извор: www.novipocetak.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: