Нема што да изгубам…

Не можат луѓето да направат се’ што сакаат. Не можат ни сите ветувања да ги одржат. И тогаш се тргаат. Бегаат. Ние мислиме дека повеќе не не’ сакаат, а тие не смеат на очи да ни излезат, бидејќи веруваат дека сме разочарани или повредени. Во тој вртлог на недоразбирање многу добри односи исчезнаа.

Затоа сакам да се знае: Никој ништо не ми должи. Ништо од никого не очекувам.

Да работиш на себе е сериозна работа и не остава простор да се чека реакција на другиот. Да работиш на себе, значи да правиме многу и за другите. Убава е таа работа. И може да се работи и од дома.

Ако ме сакаш, пушти ми убава мисла и не се грижи дали стигнала.

Да…стигна.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: