Успехот не се случува преку ноќ, барем не вистинскиот!

Живот од соништа! Фантазија или пак реалност? Сѐ може да биде! 

Ќе остане само фантазија ако седиме во нашата комфорна зона, се криеме зад некој агол додека стравот ни влегува во коски. Да, тоа е стравот од неуспех кој не  “брани” од сопствениот  успех.

Зошто не’ плаши пак реалноста? Сурова е нели?

Можеби зошто удира шлаканица од која во ушите ни одѕвонуваат: ‘Бори се, работи без престанок за тоа што го сакаш, не чекај и не седи со скрстени раце! Го гледате врвот, го посакувате? Едноставно е, борете се!’

Засукајте ги ракавите, оставете ги сите нека зборуваат, еден ден токму тие ќе се фалат дека ве познавале. Не се откажувајте и кога работите ќе тргнат по зло. Не можат тие толко да тргнат по зло, колку што вие можете да бидете истрајни! Ризикувајте! Не плашете се да загризете повеќе од колку што можете да голтнете.

 Сите почнуваме од едно исто место, од нула. Но, не си дозволувајте да останете на таа нула цел живот, од пусти страв дека нема да можете. Да, тешко е,  но кој рече дека е и невозможно!

Куќа не се гради од кров! Ништо што вистински е вредно да се нарече успех, не се случува преку ноќ! Не заборавајте, добро запомнете ги овие зборови. 

Илјада скали ве делат до врвот, но само една единствена од дното! 

Калимеро

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: