Зошто сакам да бидам сама?

Сакам да бидам сама, бидејќи не морам да ги слушам другите како ги омаловажуваат третите. Кога сум сама, не ги слушам како се воздигнуваат, додека на другите вредноста им ја крадат.

Кога сум сама не гледам, кога другите со поглед како меч оштар сечат, а тоа го пара срцето мое. Не ги слушам нивните бесмислени приказни, во кои никогаш ништо не се почитува. Не ја чувствувам тогаш нивната омраза и барање замерки на другите.

Не слушам ниту невистини, кои така лесно се сфаќаат и се употребуваат, за да ја купат љубовта, за да ги купат луѓето. Не ги слушам дури ни грубите зборови упатени кон нивните сакани, а ни оние упатени на странци потполни.

Не чувствувам болка, кога слушам како ги навредуваат сопствените деца и Бог. Сакам да бидам сама, бидејќи кога сум сама читам преубави книги за своја душа. Кога сум сама ги гледам дрвата во својот полн сјај и жолтите лисја кое паѓаат. Ги бројам ѕвездите тогаш, иако се бесконечни, но јас уживам во тоа. Сакам да бидам сама, бидејќи тогаш се топам во ливадите преполни со цвеќиња.

Сакам да бидам сама, бидејќи тогаш лежам на тревата и чувствувам како изникнува и нежно ме милува без било каква најава. Кога сум сама, го слушам пеењето на природата, занишана од лесен ветер кој ми шепоти.

Кога сум сама нема омраза…Тогаш сакам и постојам во тишина. И затоа сакам да бидам сама.

Марина

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: