Не чекајте никој..Немате време

Не дозволувајте му на никој во име на љубовта, да манипулира со вас. Не се согласувајте на заткулисни игри кога тој некој, секој момент го исполнува со неизмерни знакови на внимание, а во следниот момент не сака ниту да ве погледне. Нешто тука не штима!

Нешто е длабоко рането во таа личност, но и длабоко нездраво во тој однос. Извадете ги сите односи на чистина и барајте од другите, јасно да ги искажат сите потреби и состојби во вашите односи.

Личноста која ве сака нема да ве условува со нешто што треба да направите, за да го заслужите нејзиното време и внимание. Нема да ви го скрши срцето, па да се игра со неговите скршеници.

Оддалечете се од оние за кои сте опција, додека не се укаже подобра шанса, бидејќи неосетно станувате резервен играч во нивната игра на животот.

Сфатете дека не постојат идеални услови за да се развива љубов, постои само плодно тло, кое може да се негува од една и од друга страна. Секогаш имајте на ум, дека квалитетен однос е цел која не е возможно да се постигне без напор од двете страни.

Кога само еден од партнерите прави напор за приближување, а другиот не се помрднува од своите недопирливи одаи, тоа е знак дека тој заеднички проект заврши.

Иако секој има различни погледи на тоа, како односот треба да изгледа, тоа е далеку помал проблем, од тоа кога на другата личност не и е гајле, што од сето тоа на крајот ќе биде. Не дозволете на сметка на љубовта, некој да манипулира со вас.

Тоа нема да трае вечно, бидејќи изворот на енергија бргу ќе се потроши кога ќе нема со што да се пополни. По некое време сфаќате дека таквиот однос нема смисла. Задржете го достоинството и ќе видите дека набрзо ќе се најде некој кој ќе ве сака онака како што го сакате и вие него.

Марио Жувела

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: