Пуштете ги луѓето малку да ве немаат..Се’ ќе биде појасно

Ранливост е место каде се среќаваат храброста и стравот. Кога ќе се почувствуваме ранливи, дали е тоа знак на слабост и несовршеност, од кои се обидуваме да побегнеме? Вистинско прашање е како да се живее со полно срце и да се препознае ранливоста?

Во културата во која живееме поимот на ранливост во потполност е изедначенa со поимот слабост. Ако не сме совршени, а при тоа се подготвуваме за битка, научени сме во ‘арената’ да не влегуваме. Таа арена може да биде било што: однос со партнерот, работа, семејство, состанок, креативен процес. Во секој случај, најсилниот мит на нашата цивилизација се базира на идејата, дека едноставно мора да се победи.

Секако, ниту сме сите победници, ниту на сите ни е јасен таков воен пристап на животот. Во опкружувањето кое не е баш великодушно, ако човек или однесување се осудуваат, најлесно ни е да се замаскираме и да се удавиме во илузијата, дека ранливоста е исто што и слабоста и никому, па ни себе си, не смееме да признаеме.

Отфрлање на можноста да бидеме ранливи, истовремено ни смета и во живеењето со полно срце. Потребна е голема храброст, за да се отвориме и да бидеме ранливи, но тоа е токму она што овозможува чувството на поврзаност, сочувство и љубов, а тоа се, да не заборавиме, основни услови на патот кон целовитост и радосно живеење.

Зошто се потенцира важноста на срамот, ранливоста, несовршеноста? Сите овие прашања имаат многу важна улога во нашето секојдневно функционирање. Разбирањето на поимите на срам, ранливост и несовршеност и нивно препознавање и важност е клучно, не само за нас како поединци туку и за креирање на потполно нови културолошки парадигми во кои, човек на човек, нема да му биде волк.

Латинската изрека homo homini lupus est, е создадена пред неколку илјади години и ако продолжиме да живееме од егоистични потреби, само да преживееме, таа и во следните неколку илјади години ќе биде точна.

извор: sensa.hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: