Ако некој сакаш, пушти го да си оди

Ако некој сакаш, пушти го да си оди.

Што точно стои позади ова стара изрека? Некои ја интерпретираат како тест на судбината, дали навистина им било судено на двајца луѓе да бидат заедно.

Ако некој го пуштите да оди, тој/ таа ќе се врати ако така било судено, меѓутоа…За луѓето, кои не веруваат во судбина, оваа изрека нема смисла. Но, таа може да се протумачи на различни начини.

Не можете никој да присилите да ве сака. Морате на личноста да и’ дадете слобода да одлучи и да избере. Малку луѓе се врзуваат здраво за својот партнер. Многу од нас се анксиозни и вознемирени, барем во одредена мера. Станува збор за поврзаност која произлегува исклучиво од несигурност. Таквите луѓе се плашат од напуштање, одбивање и критики.

Анксиозната приврзаност ја потикнува личноста да се однесува наметливо и посакува друштво од партнерот цело време. Овие луѓе често се чувствуваат осамено и несигурно кога мора да бидат сами со себе. Зависни се од друштвото на други личности и партнерот.

Кога таква личност е во врска, очајнички се обидува да го контролира однесувањето на другиот на различни начини. Анксиозните типови, сакаат да бидат во врска. Меѓутоа, нив дури и потполна верност не им е доволна, за да можат да се почувствуваат сигурни. Згрозени се од сознанието, дека другата страна би можела да замине.

Сакаат да знаат што нивниот партнер работи во секој момент. Еден од начините тоа да го постигнат е форсирање и иницирање на комуникација. Некои од нив користат вербална и физичка агресија, за да можат на некој начин да ја присилат другата страна да остане со нив. Ваквото однесување е последица на генерална анксиозност и потреба за припаѓање. Тогаш почнува да се создава потребата да им бидат потребни на другите. Тие сакаат другата личност да не може да функционира без нив.

Ако вознемиреноста и немирот се присутни од детството, таа личност нема да може да развие здрава приврзаност во однос на другите. Една од теориите е дека детето, кое знае како се чувствува кога е напуштено, ќе пронајде различни начини да го победи тоа чувство преку манипулација на другите, контрола, љубомора.

Ако детето открие дека потполното затворање и повлекување во себе, задржување на чувствата за себе и емотивната изолација е најдобар начин за функционирање во животот, ќе продолжи да живее на таков начин и ќе биде тешка личност за партнерски однос.

Ако детето открие дека манипулацијата е единствен начин за стекнување на пријатели, ќе продолжи да манипулира со луѓето. Начинот на кој личноста по прв пат реагира на одредени ситуации, многу го одредува начинот на кој ќе реагира на исти ситуации, подоцна во животот.

Иако анксиозните личности, обично остваруваат поцврсти односи со другите и готово секогаш се верни, тие односи ретко траат цел живот, бидејќи е прашање на време кога на нивниот партнер ќе му стане напорно нивното контролирачко однесување.

Оваа изрека всушност зборува, дека љубовта не можеме да ја поседуваме, ниту можеме некој да се натераме да не’ сака. Убавината на љубовта е токму во нејзината слобода. Што повеќе се обидувате некој да го задржите, тоа е поголема веројатноста, дека таа личност нема да ја задржите.

Тоа значи, не се фокусирајте на нивната среќа, туку на себе. Станувате себични, а љубовта е се’, само не себичност. Ако не ја ограничите слободата на оној кој го сакате и сепак тој/таа одбере да биде со вас или ве напушти, тоа е искучиво негов/нејзин избор.

Единствен начин да бидете сигурни дека таа личност сака да биде дел од вашиот живот е да и’ дадете можност на избор. Ова е општоприфатено правило и не е никаков тест на љубов и судбинска поврзаност, туку испит на емоционална зрелост на личноста која на својот партнер и’ овозможува слобода.

Извор: izvor

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: