Како можеме да очекуваме некој да не’ сака, ако не се сакаме себе си?

Се плашиме да бидеме осамени, но да не заборавиме дека таа често не е само неопходна, туку дури е терапевтска.

Да се биде сам, значи дека сме во состојба да мислиме на себе, за она што сакаме, за што сонуваме, а посебно за она што чувствуваме.

Да се биде сам, не значи да се биде тажен, туку значи да се ужива во моментот, денот, месецот, годината, да се отпушти и да се живее животот.

Осаменоста е достоинствена, таа не не’ води понатаму, во непотполни врски, кои прават да се чувствуваме лошо.

‘Осаменоста не значи дека сум слаба, туку ме прави посилна, ме исполнува со нешто чудно што ме храни, ми зборува ноќе, ми раскажува приказни, вистински’- Варгас

Нашата среќа не зависи од други личности, партнери. Да се сакаш себе си е од суштинска важност. Како можеме да очекуваме некој да не’ сака, ако не се сакаме себе си? Осаменоста е поврзана со духовниот развој и креативноста.

Љубовта кон себе и грижата за себе се акти на себичност, но понекогаш се неопходни. Постои длабоко вкоренета идеја зошто работите се прават во друштво. Но, што ќе се случи ако одиме сами на кино? Ако останеме сами во сабота навечер? Ако одиме сами на изложба? Единствената работа која може да се случи, е да уживаме во моментот.

Луѓето сакаат друштво, тоа е факт, но, со текот на годините се смалува потребата постојано да бидеме со другите. Со годините, имаме јасни интереси и концентрирани сме на нив, нема потреба за такво врзување со другите луѓе.

Едноставно, доаѓаме до рамнотежа, можеме да уживаме во осаменоста и во времето поминато во друштво на други луѓе. Осаменоста може да стане добро друштво, со кое ќе го поминете времето. Не го заборавајте тоа. Осаменоста може да биде прилика, да ги откриеме своите лични или работни стравови, да се посветиме физички и ментално.

Ние не зборуваме за тажна осаменост, туку за посакувана, за да го приближиме нашиот ум и нашиот дух. Многу пати самотијата ја поврзуваме со фактот- да се биде сингл, но ако имаме партнер а работите не одат добро, би било убаво да размислиме, за односот кој го имаме со таа личност и со личноста која ја посакуваме.

Голема доза на сурова и тешка реалност, но неопходна, е да видиме она што не сакаме да видиме. Односот во кој не се чувствуваме добро не е здрав, однос во кој нашиот партнер лошо не’ третира не е здрав. Такви односи не ни требаат. Да се каже збогум на она што не’ мачи е тешка работа, но сигурно не убива.

На кратко се сеќаваме на убавите моменти, кои ги делевме со друга личност, но не смееме да ја заборавиме реалноста.

Времето ќе ги излечи нашите рани, не треба да се брза во друга приказна, мора да научуме да уживаме во сопственото друштво.

По раскинувањето секогаш постои болка, која може да трае шест месеци, една година. Можеби имаме потреба да плачеме, да одиме по дожд, можеби имаме потреба да ги заборавиме сите спомени кои не враќаат во минатото..па, редно е да го направиме тоа!

Одлучуваме, работиме, застануваме, одиме, трчаме, сонуваме, љубиме, гушкаме, гледаме…го живееме животот. Осаменоста нека не’ поврзе, нека биде тоа наш штит, да се ослободиме од нашите мисли, да им овозможиме на нашите чувства да излезат на површина.

Извор: lamenteemeravigliosa.it

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: