Немој да лажеш, тоа не можам да го поднесам…

Вети ми дека ќе си одиш, ако еден ден не можам да те насмеам. Немој да нѐ мачиш со кратки разговори, ако веќе некогаш, не сме можеле да се насладиме со разговори долги.

Оди си од мене, ако некогаш ти стане тешко да ме сакаш или ако во моите очи повеќе нема сјај, само темнина. Немој да си дозволиш себе си да повишуваме глас еден на друг и викањето да биде единствен начин да се слушнеме. Немој повеќе да ме гледаш, ако престанам да те бакнувам на утро или кога ќе дојдам преморена на крајот од денот.

Немој да ме љубиш, ако твојот пулс остане мирен, додека тоа го правиш. Оди, ако секој ден ми зборуваш, како си уморен и како е сѐ добро, а не е.

Немој да лажеш, тоа не можам да го поднесам. Вети ми дека ќе си одиш, тоа полесно ќе го преживеам, отколку да гледам пополека, но сигурно, како престануваш да ме сакаш.

by Рита

One thought on “Немој да лажеш, тоа не можам да го поднесам…

Add yours

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: