Дали говорот на телото е вештина?

Личноста која е сигурна во себе, зборува пополека и не гестикулира многу со рацете. Кога разговарате со некој, обидете се брадата да ја држите високо, рамената да ви бидат спуштени и кон назад, зборувајте пополека. Не зборувајте брзо и гласно.

Ако сте гледале филмови за мафијата, главниот лик секогаш шепоти и сите се трудат да гo слушаат. Тој не вика, не се возбудува, бидејќи моќните луѓе зборуваат пополека, тие владеат со сцената, имаат појава. И вие можете да имате спонтано држење на телото и гледање на соговорникот директно во очи. Постои причина зошто имате две уши и една уста. Зборувајте, а потоа слушајте ги другите луѓе, за да почувствуваат дека се интересни. Замислете како секој кој ќе го запознаете, има истетовирана реченица на челото- ‘Те молам, направи да се чувствувам важен’.

Кога ќе запознаете некоја личност, не е поентата да зборувате ‘ова сум јас, јас го правам тоа и тоа, бла- бла’, туку- Зборувај ми за себе, кажи ми со што се занимаваш, всушност однесувајте се заинтересирано.

Исто така и говорот на телото. Не ги кршете прстите, не играјте се со прстенот, не ја допирајте косата, бидејќи тоа зборува дека сте нервозни. Силата се искажува во смиреноста. Како сте помирни, така помоќно и силно делувате. Покретите треба ви бидат лесни.

И верувајте во себе. Луѓето прават класична грешка. Кога некој ќе ги праша да кажат нешто за себе, тргнуваат да зборуваат брзо, за да не му станат досадни на соговорникот. Не правете го тоа. Зборувајте за себе пополека, што правите, зошто тоа го сакате.

Не одете во детали, но не зборувајте брзо за она што вашето срце го прави живо. Ако забележите дека на соговорникот му е досадно, кажете: ‘Доста за мене. А ти?’ Ако сакате некој да ве вработи, без оглед на тоа колку ви е досаден, држете ги рамената, колковите и колената, свртени директно кон таа личност.

Исто така и допирот е многу важен. Во ред е ако допрете некој по рамото или раката, со почитување на неговите граници. Ако чувствувате дека тоа нема да му се допадне, секако дека тоа нема да го направите.

Вие можете да го уверите својот ум со соодветно држење, одење, движење на рацете, со погледот и говорот, дека сте сигурни во себе и опуштени. Луѓето кои се успешни, го прават тоа спонтано. Вие тоа можеби не го правите спонтано, но со тек на време ќе стане дел од вашата личност.

извор: sensa hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: