Да поминеш низ пекол, а да останеш ангел!

Толку си  дива, не може никој и ништо да те скроти и немој да го дозволиш тоа, прекрасна си баш таква и никако поинаку. Се бунтуваш, тоа ти е во крвта. Подготвена си да се спротивставиш и на целиот свет ако треба, но и целиот свет можеш да го спасиш, со својата  нежност и чиста душа.

Нерасипано суштество си, иако сите би сакале да го пробаш отровниот мед на животот. Срцето ти е од памук, а однадвор изгледа како да има бодликава жица со натпис “забранет пристап”. 

А толку има љубов во него, но за жал и болка. Поради таа болка денес твоја слаба точка е твојата сила. Имаш суров поглед. Впрочем и животот знае да биде суров. Ама твоето лице крие нешто поважно од суровоста, твојата насмевка.

Не е обична насмевка, тоа е насмевка која може да ја стопли и најстудената зима. Очите ти се тајна која ќе ја открие оној, кој умее со љубовта и само со љубовта. Имаш став, мразиш драма, а денес секој сака да ја има главната улога во таа драма, освен тебе.

Имаш свои граници, а сепак сите сакаат да ги поместат, да ги преминат. Толку си единствена што е невозможно да има твоја копија. Се вели: Кој не те знае скапо ќе те плати, но оној кој ќе те запознае, никогаш нема да те продаде! 

Ти си човек пред сѐ иако живееш во овој свет, во оваа време каде помалку има срца, од тоа колку има луѓе! Биди среќна што не личиш на никого и што никој не може да личи на тебе!

Неповторлива си, таква и остани!

Калимеро

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: