И на 'јаките' луѓе им е потребна подршка и заштита. Љубов и топлина.

Зошто луѓето се делат на слаби и јаки? Не физички. Туку на ниво на мисли и постапки. Зошто едни цело време воздивнуваат, постојано бараат нечие учество и бесконечно очекуваат помош од секаде, а другите ќе стиснат заби и шаки, молчејќи си помагаат самите на себе, и стануваат подршка и заштита за други?

Кога ќе ми кажат дека се слаби, слаби од раѓање, исто како што се јаките дарувани, јас не верувам во тоа. Како што не верувам дека постојат луѓе, кои од раѓање знаат да читаат и да пишуваат.

Кога се обидуваат да ме убедат дека се слаби, дека не можат да бидат јаки, бидејќи на јаките по определување не им е потребна подршка, а која е од животно значење за слабите, сакам да повлечам кочница и да се префрлам во друг воз.

Да се биде слаб- не е патологија. Да се биде јак- не е како боја на очи или облик на нос. И едното и другото се животни позиции. Избор кој секој сам си го прави. Програми кои го одредуваат начинот на живот.

Слаб човек е слаб, затоа што не може да си дозволи себе си луксуз. Бидејќи ужива да биде таков, некој друг да биде подготвен да одговара не само за себе, туку и за слабиот.

Би рекла дури, слабите луѓе не постојат. Постојат оние на кои им е од корист да бидат слаби. Јаките се често јаки, не зато што така сакаат, туку немаат друг избор, освен да бидат такви и точка. А што е позади таа точка од другата страна, само тие знаат. И оние малубројните, кои навистина сакаат да видат и разберат.

Често тие кои ви изгледаат јаки- челични, некршливи, тие на кои вие во лет ќе им кажете: ‘Ти си јак, ти ќе се снајдеш’ – тие исто имаат потреба за подршка и заштита. Љубов и топлина.

Бидејќи се истрошени. Подлабоко се ранети. И уморот е драстично поголем. И осамени се повеќе. Бидејќи да се биде јак- тоа значи без размислување, да се прифатат ударите на себе.

И со себе и само со себе, да се пополнува било која празнина во било кој ѕид. Секоја дупка на било кој брод. Секогаш и секаде.

Чувајте се себе си повеќе. Чувајте се меѓусебно, едни со други. Ве молам. Затоа што не сте многу. И затоа што вашата сила често е ваше најслабо и најнезаштитено место.

автор: Олга Глазова

Извор:econet.ru

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: