Зошто мислите дека некој ќе ве чека, дека сте вредни за чекање?…

Во почеток чекаш нешто…многу долго време.

Веруваш, се надеваш, веруваш, еве само што не се случило или наскоро ќе се случи. Во дадените околности, го набљудуваш тоа што го очекуваш…и тогаш се јавува она чувство: ‘Благодарам, не треба’.

Спокојно, мирно, без никаков напор, сфаќаш дека дури и ако сега тоа се случи, ти повеќе не можеш да се радуваш на тоа, како кога си чекал. Затоа, благодарам, не треба.

Сега…тоа…после се’ – не треба.

Не, не сум хировита. Не манипулирам. Не си ја кревам цената. Едноставно- Не. Не е сега важно дали некој нешто ќе сфати, одлучи, спознае и на крајот да биде подготвен. Порано, требаше да се мисли. Предходно.

Возовите заминуваат, авионите летаат, луѓето престануваат да чекаат. Тоа е се’??? Да, се’. И не е потребно муабет…како- такви се околностите, зарем не размислуваш? Разбирам. Се сложувам. Но повеќе нема.

Кратко ќе се осврнеш на тоа и помислуваш: Зарем тоа не е страшно? Зарем не е страшно да ги погребаш своите соништа? Не, не е страшно! Затоа што сонот, понижуван со долго чекање, повеќе не е сон. Од него си заминува енергијата.

Затоа е подобро да се напуштат своите соништа, кога е јасно дека чекањето станува навика. Сакам да ги прашам луѓето, а понекогаш и себе: зошто мислите дека ќе ве чека? Колку време, колку пати, да се чека и чека, од каде имате такво уверување, дека сте вредни за тоа?

Зарем мислите дека времето поминато со вас, за некој е толку непроценливо, што нема да пронајде нешто, со кое ќе го пополни својот вистински живот? Знаете, дури и најголемата љубов може да се заврши, ако цело време ги лажете човечките очекувања.

А што да се каже за пријателствата, работата? Затоа не ги приморувајте луѓето да чекаат. Прилично е непријатно да се слушни одговор – ‘Благодарам, не треба’. Меѓутоа, да се чувствува внатрешна празнина, наместо надеж, исто така не е задоволство.

Извор: econet.ru

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading