Инсомнија, ти и јас!

Не можам очи да затворам, а толку сакам да заспијам за да те видам. Единствено кога ќе ги затворам очите те гледам, тука си, а добро знам дека не си!

Но, не можам! Така ноќи и ноќи.

Причина?

Јасно како ден. И  птиците на гранките знаат, ти си причината, само ти!

Причина си што ги дочекувам зорите будна и уморна, ме оставаш без сон и си одиш. 

Причина си за преголемата доза љубов на кое го навикнав телото, срцето, а и умот се предаде. Виде не виде, не може против порок каков што си ти. Мој порок, но и мој лек.

Причина си за секоја тишина, која ја слушам кога го изговара твоето име. 

Причина си за секој проблем, ама и за секое решение. 

Причина си за секој збор што го потиснувам во себе, велејќи си- не е време, немој сега. И така секој нареден збор, секој нареден. 

Причина си за оваа бледо лице, испукани усни и мрачен поглед  од кој и мракот би се засрамил. 

Причина си за секоја солза и од тага, ама и од среќа. И како сега да те убијам во себе кога ти си мојот живот?

Причина си што оваа душа е без душа, само се тегне како конец, некаде ќе се искине и тоа засекогаш. 

Причина си за овие четири ѕида кои ми станаа сѐ. Не велам залудно дека има нешто во тебе што го враќа часовникот и уште покажува време за љубов! 

Причина си за секој кошмар кој  будна го сонувам, но и секое убаво утро кога ти ќе изгрееш! 

Причина си за секој чекор повеќе, но и за бум, кое се слуша кога ќе се струполи оваа рането тело, од куршум кој ме погодува, ме ранува, а пак сум жива. 

Причина доволно добра да живеам, но исто така и доволно добра да умрам! Биди само едно нешто, само едно!

Причина да не зажалам никогаш што те сакам без причина!

Калимеро

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: