Тешко е да се пропадне, но полошо е никогаш да не се обидеме да успееме

Не кажувај ‘Не успеав’, кажи ‘Научив’ и ќе ти биде јасно како функционира животот! Колку време потроши во плачење, за работи кои не тргнале онака како што очекуваше, а при тоа, сите околу тебе беа виновни што нешто пропадна и што не доби прилика да блеснеш.

А, всушност проблемот никогаш не е во околностите, бидејќи зборот судбина е само празен збор, додека ние не му дадеме значење, додека не ја исполниме со свои одлуки и задачи, додека не се одважиме на ризик и она што потоа следи.

Проблемот е што премногу чекаме, што мислиме дека криза е некоја состојба, како лошо време, кое треба само да причекаме да помине, без ништо да се направи.

Не ја разбравме основата на животот – ако ништо не раздвижиме, се’ засекогаш ќе остане онака како што било. Не научивме- ако себе си некогаш не се охрабриме, може да помине цела вечност додека не не’ охрабрат другите, а поголема е веројатноста дека некој во меѓувреме ќе замолчи.

Секогаш проблемот е тоа што гледаме на погрешната страна. Гледаме надвор, во други луѓе, во работите околу нас, а треба само да се погледнеме во себе. Ако никогаш не погледнеме во себе, никогаш нема да ја откриеме лепезата на способности, кои ги имаме и можноста која е во нашите раце.

Секогаш ќе мислиме дека виновниците се наоѓаат таму некаде, без да знаеме дека тие длабоко се скриени во нас, во нашата пасивност, неодлучност, неподготвеност, да искористиме прилика во која се наоѓаме.

Најтешкото е да се издржи до победа. Да се има верба, дека во драмата на животот, решението доаѓа дури на крајот. Да си кажеш себе си зборови на охрабрување и во околности кои се полни со страв и сомнеж. Дури по победата се отвора перспектива за предходните настани, а коцките на животот се редат сами од себе.

Но, ако се откажеме пред победата, никогаш нема да знаеме какви медали животот ни наменил и каде можевме да стигнеме .

Затоа, не се жалете на денешните порази.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: